„Апсолутно сум за легализација и избор. И за абортус и за речиси сѐ друго. Но, јас сум маж, каде е мојот избор? Каде е моето право на живот/абортус?“, се прашува еден корисник на „Редит“, на темата која ја нарекол „Правото на избор од машка страна“.
Тој смета дека правото на абортус треба да биде родителско право наместо женско. „Жената има аргументирана предност бидејќи донира тело за дете/паразит, но самото суштество е заеднички плод“, истакнал тој, а потоа понудил неколку свои решенија за несакана или посакувана бременост. „Жената сака, мажот не сака. Мажот плаќа половина за абортусот, што вклучува половина од трошоците за психолошка помош и е ослободен од алиментација. Нешто како донатор од банка со помалку дополнителни трошоци“, рекол тој.
„Мажот и жената се еднакво одговорни“
Во случај жената да не сака дете, а мажот да сака, овој корисник на „Редит“ предлага жената да се породи, а мажот да се грижи за детето или да ги плати трошоците за психолошка помош и други работи за породувањето. Покрај тоа, тој предлага ако жената абортира, потоа да плати за абортусот и трошоците за психолошка помош за мажот.
Според него, жената и мажот се еднакво одговорни за глупоста што ја направиле, па затоа треба да имаат еднаков избор.
Под неговата објава се водела жестока дебата за тоа кој треба да одлучи за абортус во случај на несакана бременост, а сите најмногу се залагаат за тоа дека треба да одлучува жената. „Кога ќе носам дете со мене девет месеци и ќе морам да го извадам преку гениталиите, тогаш одлуката ќе биде моја. Дотогаш можам само да се обидам да ја убедам мајката во нешто, но одлуката е нејзина“, напишал еден корисник.
„Женско тело – женски избор“
„Извинете, тоа е нејзиното тело, таа работи 99,9 отсто од работата, ние мажите навистина немаме право на глас“, вели корисникот.
– Изборот „да роди или не“ е на жената затоа што таа раѓа, изборот на мажот е „да оплоди или не““, вели друг корисник.

Еден од корисниците, пак, предупредил дека треба да се користи заштита или на друг начин мажите да се воздржуваат од секс. „Единствениот избор што го имате на машката страна е многу едноставен, или се заштитувате за време на секс или немате секс. Во спротивно, сексот или репродукцијата е вашиот процес на создавање дете“, напишал тој.