Воспитување

Треба ли да се загрижите ако вашиот 4-годишник не сака да се спријателува со други деца?

Детството е период кога децата истражуваат и откриваат – и во животот и со пријателите, па што ако вашето 4-годишно дете не сака да создаде пријателства? Тешко е да се гледа ако детето се мачи да се поврзе со другите деца или да направи свесен избор и да избегнува пријатели воопшто. Првиот инстинкт би ви кажал да организирате средби со други родители и деца за да го охрабрите детето да се социјализира, бидејќи тоа можеби сè уште не сфаќа што пропушта ако нема пријатели. Има периоди кога е во ред да го оставите детето да биде малку само, но важно е да се идентификува причината поради која тоа не е заинтересирано да има пријатели.

Дали е во ред ако детето сака да биде само?

Одвреме-навреме сосема е во ред ако детето сака да игра само, тоа всушност го развива и неговото чувство за независност. Неразумно е да се очекува детето постојано да биде во контакт со други деца. Ако игра само, тоа учи и да решава проблеми. Кога вие или другото дете сте во близина, тоа може да се потпре на вас за решавање на проблемите, но ако е само, ќе се потруди самото да изнајде решенија.

Кога детето не сака да има пријатели?

Има неколку причини за ова. Не кревајте паника. Некои деца се посреќни кога се сами. Ако забележите дека детето одбива пријатели, може да го прашате зошто го прави тоа, па можеби ќе се изненадите од одговорот. Пред да прифатите дека со детето сè е во ред, прашајте го дали има причина зошто ги одбегнува пријателствата. Можеби се обидело да има пријатели претходно, па било одбиено, и сега повторно се плаши од такво нешто. Социјалната анксиозност, пак, е друга причина поради која детето не стапува во социјална интеракција. Верувале или не, некогаш причината за тоа што не сака да има пријатели може да сте и вие. Прашајте се себеси дали премногу се обидувате да го социјализирате детето. Можеби е време за чекор назад.

Како да му помогнете со социјалниот развој?

Во ред е детето да поминува време само, но социјалниот развој е клучот за детето да има добро детство – а тоа подразбира и имање пријатели. Во отсуство на интеракција со други деца, децата од претшколска возраст нема да научат да ги водат своите лични односи и тоа може да им влијае и врз однесувањето кога ќе бидат повозрасни. Со цел да се научи што се очекува од детето врз основа на однесувањето и учењето граници, детето треба да стапува во интеракција со други деца на негова возраст.

Без разлика која е причината поради која вашето дете не создава пријателства, можеби е тоа знак да го запишете на некои групни активности или социјални клубови каде што ќе биде со други деца на своја возраст и ќе споделува слични интереси. Проверете дали има некои такви локални платформи со програми соодветни за вашето 4-годишно дете, каде што ќе може да се поврзе со други деца.

Автор: Естер Певерли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top