Кога родителите им дозволуваат на своите деца да гледаат видеа на „Јутјуб“, тоа не е поради тоа што се во опуштена ментална состојба, па сакаат на децата да им обезбедат богати моменти за учење, туку тоа се моментите кога на мајките и на татковците им е потребна пауза.
Детски, а вознемирувачки видеа
Иако детски, овие видеа често пати се пријавувани како насилни, со сексуални или вознемирувачки содржини, иако се сметаат за легитимни детски видеа (погледнете го видеото каде што Пепа го јаде својот татко). Постојат неколку начини како може да ги заштитите вашите деца да не гледаат вакви работи, меѓутоа, длабоката анализа на „Медиум“ во продолжение покажува дека сме ја пропуштиле главната цел. А тоа е дека децата се намерно и системски експлоатирани преку содржината, а никој од нас не знае точно како.
Во трудот со наслов „Нешто е погрешно со интернетот“, писателот Џемјс Брајдл пишува:
„Овие видеа, каде и да се направени, како и да се направени, и која и да е нивната свесна намера (на пример, акумулирање приходи од реклами) се хранат со систем кој свесно е наменет да им ги прикажува видеата на децата за профит.
Системот е соучесник во злоупотребата
„Да се изложат децата на оваа содржина е злоупотреба. Не зборуваме за дискутабилните, туку за несомнените вистински ефекти на насилство на филмови или видеоигри врз тинејџерите или на ефектите на порнографијата или екстремните слики врз младите умови. Ова се важни дебати, но тие не се она што се дискутира тука. Тука зборуваме за многу мали деца кои уште од раѓање се намерно насочени кон содржини што ќе ги трауматизираат и уништат, преку мрежи кои се крајно ранливи на оваа форма на злоупотреба. Тука станува збор за еден вид насилство кое е својствено за комбинацијата на дигитални системи и капиталистички стимуланси. Ова е мојата поента. Системот е соучесник во злоупотребата“.