Професорката Франческа Џино од бизнис-школата на Харвард се надева дека еден ден терминот „бунтовник“ ќе ја смени негативната конотација.
– Воспитувањето децата да бидат бунтовници е од клучно значење. Ефективните бунтовници се луѓе кои не се помируваат со статус кво, кои ги кршат правилата конструктивно создавајќи позитивни промени. Кога децата се учат да бидат бунтовници, тие учат како да се соочат со комплексните проблеми, кризните ситуации и како да не го прифатат првиот одговор што им се нуди, туку ќе размислуваат креативно за проблемот.
Кога ги учите децата да бидат бунтовници, ги учите да ги преиспитуваат правилата, а не да ги прифатат онакви какви што се.
Понекогаш децата се однесуваат на начин што нам, на возрасните, ни се чини ирационален и ние им велиме „не, не“, но забележав дека често им наметнуваме правила што всушност треба да ги преиспитаме, па научив да застанам и на моите деца да им дадам простор да бидат љубопитни и да истражуваат – вели професорката.