Родители од Кентаки се критикувани на социјалните мрежи затоа што трчале маратон со нивниот шестгодишен син. Ками и Бен Крафорд објавиле дека нивниот син Рение го истрчал маратонот во Синсинати претходно овој месец. Тие споменале дека по 32 километри, се мачел и сакал да паузира, сакал да седне на секои три минути.
„Тој плачеше, а ние полека се движевме, па му ветивме две пакетчиња чипс доколку продолжи“, напишале родителите и објавиле фотографија од Рение како го држи чипсот. Тие истакнале дека нивните пет поголеми деца ја завршиле трката еден час пред нив, а потоа ги чекале родителите и Рение на целта.
„Детето изгледа тажно и исцрпено. Не ми се верува што прават луѓето за лајкови“, коментирал еден корисник на „Инстаграм“.
„Оваа приказна е вознемирувачка за читање“, додал друг.
Откако привлекоа внимание, родителите објавиле дека социјалните работници ненајавено дошле во нивниот дом за да разговараат со децата поради пријава за злоупотреба. „Неговото плачење и бавното движење беа резултат на емоционално разочарување и стандарден маратонски замор. Тој воопшто не сакаше да се откаже”, се обиделе да се одбранат родителите.
Според упатствата на Клиниката „Кливленд“, децата на возраст под седум години треба да трчаат само забавни трки долги 1,5 до 3 милји. Децата на возраст од 8 до 12 години можат безбедно да учествуваат во трки од 5 километри, а децата на возраст од 13 до 15 години можат безбедно да трчаат 10 километри или полумаратон. Се препорачува да се трча маратон само на возраст од 16 до 18 години.