Кога бевме мали, ако нешто ни пречеше, тоа беше постојаното повторување на фразите од родителите. Сигурно секој од вас барем неколку пати си ветил себеси дека кога ќе стане родител, нема да ги малтретира своите деца со истите тие досадни реченици.
Но, сепак, традиција си е традиција и веруваме дека голем дел од речениците вие ги употребувате кога им зборувате на вашите деца. Еве некои од нив:

– Зошто не се угледаш на Мики (Перо, Петко, Ристе) и не бидеш како него?!
– Има да јадеш, ако не, ќе ти го турам во вратот (или додека не изедеш, нема да станеш од масата).
– Подели го чоколадото со брат ти.
– Ќе зборуваме кога ќе си одат гостите.
– Тргни се од телевизорот, зрачи!

– Не учиш за училиштето, учиш за животот!
– Додека си под мој покрив, ќе ги почитуваш моите правила!
– Облечи се, ти студи.
– Ќе дојдеш ти на мои години, па ќе видиш дека бев во право.
– Ќе имаш и ти деца, па ќе ти стане сè јасно.
– Не стој пред телевизорот, не си направен од стакло.
– Затвори ја вратата, не си роден во кајче.
– Затоа што јас така велам, затоа!
– Исправи се, не се седи така.
– Еве ти, внучко, пари. Мајката: – Мамичко, дај мама ќе ти ги чува.
– Ќе ти ја кажам јас приказната кога ќе си дојдеме дома.
– Магаре едно, не учиш за оценка, учиш за себе!



912

X