Бидејќи поимот траума е погрешно сфатен во нашата култура, живееме во општество со мноштво возрасни луѓе обвиени во срам.
Срам што не го разбираат сопственото (научено) однесување.
Или што се чувствуваат заглавени во чувствата и обрасците чии корени достигнуваат до најраниот период. Главно, надвор од дометот на свесното.
Траумата не е само едно застрашувачко случување. Траумата е кое било искуство со кое личноста не може да се носи, кое условува нервниот систем да излезе од рамнотежа.
Секоја личност нема да ја доживее траумата на ист начин, па овие доживувања не треба да се споредуваат. Не можеме да ги означуваме како „големи“ или „мали“, ниту помалку или повеќе валидни. Начинот на кој детето го процесира трауматското искуство зависи од способноста на родителите да ги регулираат сопствените емоционални состојби. Детето по принцип на моделирање ќе се носи со состојбата на сличен начин, а неретко по пат на дистракција, избегнување, користење супстанции, изливи на бес, впуштање во односи со токсични динамики, затворање во себе…
За дете, и следните ситуации претставуваат траума:
1. Родител кој го негира доживувањето на реалноста од страна на детето.
2. Родител кој не го гледа и не го слуша детето такво какво што е.
3. Родител кој (делегирано) живее преку своето дете.
4. Родител кој му кажува на детето дека не смее или не би требало да има одредени чувства.
5. Родител кој преку детето се обидува да разреши нешто од сопственото детство или младоста.
6. Родител кој е фокусиран на надворешното – на пример, физички изглед, успех, имиџ.
7. Родител кој не умее да ги регулира сопствените чувства.
Неразрешената траума од детството во возрасна доба може да се манифестира и како:
– Хронично угодување на другите.
– Слаби лични граници.
– Влегување во односи кои поттикнуваат страв од напуштање.
– Живот во режим на преживување: хипервигилни одговори на нервниот систем.
– Несвесна желба да поправаме, спасуваме или да бидеме избрани.
– Предавство на сопствените потреби.
– Живеење како „лажно ЈАС“.
Автор: д-р Никол ЛеПера, психолог и психотерапевт („The Holistic Psychologist“)