Том Хенкс во текот на својата работа во Холивуд морал да одгледа 4 деца, што не било воопшто лесно. Меѓутоа, и покрај предизвиците со кои се соочил, успеал сите успешно да ги одгледа. Хенкс научил како ефикасно да ги одгледува своите деца во период од 40 години, нарекувајќи го тоа „процес на елиминација“.

Го одвоил професионалниот од приватниот живот додека ги воспитувал децата

Да се одгледуваат деца додека си славен, никогаш не е лесно, но Хенкс секогаш знаел приватниот и професионалниот живот да ги држи одвоено. Својата постапка ја објаснил во неодамнешно интервју со Греам Бесингер.

– Секогаш можевме да ги издвоиме професионалните одговорности од приватните. Има моменти во кои мораш да бидеш во јавноста, а има и моменти во кои не би требало да си во јавноста. И секогаш, додека децата растеа, тоа го штитевме многу конкретно – рекол Хенкс.

Се обидел со своите најмлади деца да ги одржи работите што понормални. Хенкс не бил голема ѕвезда кога ги одгледувал своите најстари деца. Тоа им давало чувство на нормалност кога растеле, за разлика од неговите две помлади деца.

– Моите постари деца пораснаа кога бев некако како човек кој работи нормална работа, а не толку како некој што е во очите на јавноста. За помладите деца беше поразлично. Но, кога децата се мали, едноставно се обидувате да бидете фраер кој вози автомобил и доаѓа по нив на училиште, и што е можно повеќе е во нивна близина – рекол Хенкс и додал дека забележал оти најважно е да не се дозволи славата да им го преземе животот. „Знаете, не е лесно. Не победувате секогаш и не можете да избегнете некои аспекти од тоа што сте дел од јавноста кога со задоволство не би биле таму. Но, ако работите на тоа, не се појавувате премногу проблеми“, објаснил Хенкс.

фото извор: YouTube screenshoot

Хенкс се обидел да биде практичен во кариерата на своите синови

Двајцата синови на Хенкс, Честер и Колин, се успешни актери кои одлучиле да тргнат по стапките на татко им. Хенкс рано забележал дека и двајцата имаат талент за глума. „Ги видов Колин и Честер на сцена на истите години кога и јас тргнав на глума и помислив: Ова е забавно, би сакал да го правам ова“. Потоа им рекол на двајцата: „Можете да го правите тоа ако сакате. Ако имате истрајност, имате и шанси“.

Иако Хенкс има огромно влијание во Холивуд, тој уверува дека никогаш не се обидувал да им ја изгради кариерата на своите синови. – Она што можев да го направам за моите деца е да им ја дадам првата работа во филм. Колин беше во филмот „Таа работа што ја правиш“ и имаше смисла и така ја доби членската картичка во Скрин акторс гилд. Честер беше во филмот „Лери Краун“ имаше мала улога и доби картичка. А потоа сè остана на нив. Не можете да продолжите да им давате работа бидејќи тогаш единствената работа што ја имаат е под ваша контрола. Така што, сето останато е нивна потрага – тврди Хенкс.

Сите 4 деца сум ги одгледувал различно

Хенкс исто така напоменал дека секое од четирите деца го одгледувал различно, попатно учејќи ги ефикасните родителски навики.

– Тоа не беше единствена постапка. Колин е во 40-тите години, мојата ќерка Елизабет во 30-тите, мојот син Честер само што наполни 30, а мојот син Труман 24. Бев различен татко за секој од нив, не знаев што правам. Научив сè низ процес на елиминација, научив што не смеам да правам и што е она што треба да го правам како татко – рекол Хенкс.

Автор: Џонел Гибсон

Извор



912

X