Да се потсетиме на сите преслатки бебиња што минатата година ја разубавија светската сцена.
На самиот почеток од годината, 15 јануари, Ким Кардашијан ја доби ќерката Чикаго, која ја роди сурогат-мајка.
Малата Сторми е уште едно девојче што минатата година пристигна во семејството Кардашијан-Џенер. Нејзината мајка Кајли Џенер не сакаше да ја прикажува својата бременост во јавноста и се гордее со својата одлука.
Уште една Кардашијан, Клои, го роди своето прво дете, Тру Томпсон.
View this post on Instagram
Кралското семејство исто така се усреќи со едно бебе, принцот Луис Артур Чарлс. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, го роди своето трето дете во април 2018 год.
Семејството Мидлтон во октомври доби уште едно бебе. Сестрата на војвотката, Пипа Мидлтон, роди момче, исто како и Кејт.
Џон Леџенд и Криси Тајген пролетта станаа родители на мало момче. Во светот се познати како еден од најубавите и најсреќни парови, а сега своето семејство го зголемија со уште едно бебе.
Популарната актерка Ева Лонгорија првпат стана мајка во 43-тата година од животот. Очајната домаќинка го роди момчето Сантјаго Енрике во јуни минатата година.
View this post on Instagram
Superrrrr baby!!!! ? #HappyHalloween ??? Check our my stories to see him fly!!!
Уште една латино-глумица стана мајка на мало момче. Америка Ферера, позната по улогата на Грдата Бети, пресреќна е во улогата на мајка.
Не смееме да ја заборавиме ни актерката Хилари Даф, која кон крајот на ноември роди ќерка.
Глумицата Габриела Јунион, по девет спонтани абортуси и дијагноза аденоминоза, решила да побара сурогат-мајка, па таа и нејзиниот сопруг Двејн Вејд станаа родители на преслатко девојче.
View this post on Instagram
Во 55-тата година од животот манекенката и актерка Бриџит Нилсен стана мајка на малата Фрида. Ова ѝ е петто дете, но е прво девојче во семејството.
View this post on Instagram
912