Кога е сезона на празници, обично се собираат различни генерации на семејството и поминуваат повеќе време заедно. Сите се стремиме кон заедништво и семејна идила, но секогаш се прават грешки при воспитувањето.

Експертите предупредуваат дека добронамерните, но непромислени коментари од бабите и дедовците можат да создадат средина во која внуците се чувствуваат непријатно и небезбедно. Затоа е важно да комуницирате со децата на правилен начин и да им кажете кои фрази се штетни и зошто треба да се избегнуваат.

Не кажувај им на мама и тато

Бабите и дедовците често ја користат оваа фраза кога на своите внуци им даваат повеќе благо или пари. Колку и да изгледа безопасно, воопшто не е. Тоа едноставно е поткопување на родителскиот авторитет, а детето ќе усвои модел на однесување дека е сосема во ред да скрие нешто од него.

Многу си пораснат. Дали си се здебелил/а?

Коментарите за изгледот и тежината на детето секогаш се големо не. Тие дефинитивно можат да придонесат за градење лоша слика за сопствениот изглед.

Изеде повеќе од мене

Навистина нема потреба да коментирате за јадењето на вашето внуче или неговите навики во исхраната.

Разгален/а си

Недостигот на активност за време на празниците може да го направи детето малку раздразливо. Ако не е најдобро расположено за време на семејните собири, немојте веднаш да претпоставувате дека е разгалено. Веројатно му е досадно.

Дојди да те бакне баба/дедо

Како баба и дедо, природно е да сакате физички да се поврзете со вашите внуци, особено кога сте возбудени што ги гледате. Сепак, многу деца не се чувствуваат удобно кога некој ги прегрнува и бакнува и важно е возрасните да го почитуваат тоа.

Твоите родители грешат

Ако имате проблем со воспитните методи на родителите на детето, најдобро е да се обидете директно да разговарате со нив. Не е добра идеја да ги вклучувате вашите внуци во конфликти што не ги разбираат.

Извор



912

X