Воспитување

„Тоа што бабите и дедовците ги одгледале своите деца, не значи дека се експерти за воспитување“

Не толку одамна, пред да имам свои деца, верував дека моите родители и родителите на моите врсници генерално знаат сè за воспитувањето на децата. Уште повеќе, дека нашите баби и дедовци знаат сè за тоа. И зошто? Па, некако е логично, постарите се помудри, повеќе поминале, повеќе доживеале. И иако искуството е навистина важно, тоа не е единственото нешто што го дефинира „знаењето“.
Не знаеле многу, а тие што се заглавени во верувањата не знаат ни денес. Некои од работите што ги направиле тогаш не беа добри, а не се добри ни денес. Други беа, можеби, најдобри во времето кога ги воспитуваа децата, но денес веќе не се. Како што многупати кажавме – децата не можат да се воспитуваат како што сме ние воспитани. Затоа што би ги одгледувале за време кое повеќе не постои.

Но, да се вратиме на оние работи што некогаш се сметаа за нормални, а не беа. На пример, со ракија се ублажуваше болката на детето. РАКИЈА. И така правеа сите, се сметаше за нормално. Што ни фалеше? Ова обично значело и дека бебето ќе спие подобро и помирно, па ете служи како дополнителен бонус.

Понатаму, кога бевме деца, се сметаше за нормално да им се нуди газиран пијалак на мали деца со лажичка шеќер. Така било поздраво. За штетноста на шеќерот и пијалакот не се размислувало. Тогаш (а често и денес) штетноста на нешто за детето се гледала на краток рок. Му давате газиран пијалак, не чувствува ништо во следните 24 часа и тоа е доволно да заклучите дека тоа не е лошо за детето.

Но, денес ретко кој родител ќе го намачка детето со ракија или ќе му понуди газирани пијалаци. Затоа што родителите во денешно време ПОДОБРО ЗНААТ некои работи. Сепак, има ретки баби и дедовци кои ќе разберат дека тоа што некогаш го правеле не требало да се прави тогаш, а не треба да се прави ни денес.

Секако дека ги почитуваме нашите родители и нашите баби и дедовци, но некои работи едноставно не се добра идеја. Не беа тогаш и не се денес. Се сеќавате ли како нè грееја кога ни беше висока температурата, да сме се испотеле? Тогаш дури и педијатри го советувале тоа. Оние што не знаеле подобро. Денес знаат. Сепак, бабите и дедовците стојат на своето, честопати дури и се обидуваат да ја преземат улогата на родители на нивните внуци. Тие веруваат дека она што го правеле кога нивните деца биле мали сигурно било добро затоа што нивните деца пораснале. Ги одржало во живот. И тоа е доволен доказ дека направиле сѐ како што треба.

„Не треба да претпоставуваме дека бабите и дедовците се експерти за родителство само затоа што воспитале деца“, истакнува Ендрју Адесман, шеф на развојна и бихевиорална педијатрија во Медицинскиот центар Коен во Њујорк.

Спровел истражување чија цел била да ги набљудува и проучува ставовите на бабите и дедовците за митовите поврзани со родителството. На пример, од 636 од нив, мнозинството не знаеле дека е подобро да се стави бебето на грб отколку на стомак кога спие, исто како што не знаеле дека раните зараснуваат побезбедно и подобро кога се покриваат.

Она што, всушност, е важен заклучок од ова истражување е дека образованието на родителите, за кое толку многу се зборува, не е доволно. Неопходно е да се едуцираат бабите и дедовците кои не само што поминуваат многу време со своите внуци, туку имаат и силно влијание врз нивните деца кога ќе станат родители.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top