Менингитисот убива повеќе деца на возраст под пет години од која било друга заразна болест. Можно е да се помеша со грип или некоја друга болест бидејќи многу од симптомите се поклопуваат. Болното дете најчесто има треска, главоболка и исип кој не исчезнува на притисок, а и ќе повраќа. Некои деца може да доживеат чувствителност на силна светлина, вкочанетост во вратот или напади.
Родителите може да забележат и дека нивните деца се поспани или тешко се будат по дремката. Сепак, според Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS), некои деца не покажуваат никакви симптоми. Според Фондацијата за истражување на менингитис, состојбата се однесува на воспаление на мозочната обвивка и ‘рбетниот мозок. Затоа е важно да ги препознаете симптомите и да започнете со лекување навреме.
По употребата на антибиотици, повеќето деца целосно закрепнуваат, но некои имаат сериозни и долгорочни здравствени проблеми. Тие вклучуваат губење на слухот или видот, тешкотии со меморијата и концентрацијата, напади и проблеми со рамнотежата. Националната здравствената служба на Велика Британија проценува дека еден од секои 10 случаи на бактериски менингитис е фатален.
912