Воспитување

Тинејџерите што имаат понапредни погледи кон родовите се помалку насилни

Ново истражување открива дека момчињата-тинејџери што имаат попрогресивни ставови кон родовите имаат помала веројатност да покажат насилно однесување од оние момчиња со построги ставови кон машкоста и родовите.

Истражувањето објавено во „Америкал журнал оф превентив медисин“, исто така, откри дека момчињата со поправични родови ставови имаат помали шанси за насилство во повеќе домени, вклучително и злоупотреба на состанок и сексуално вознемирување, а момчињата што биле сведоци кога нивните пријатели се вклучиле во насилно вербално, физичко или сексуално однесување имале 2 до 5 пати поголеми шанси и тие да се вклучат во нив.

– Премногу долго се премолчува сексуалното насилство и насилството од партнерот, насилството кај младите и булингот – вели д-р Елизабет Милер, водечка авторка на истражувањето и шефица на одделот за адолесценти и млади во Детската болница во Питсбург. Надежта е дека информациите ќе помогнат да се фокусираме на родовата еднаквост како механизам за превенција од насилството.

Истражувањето анализирало анонимни податоци од 866 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години од 20 населби со ниски приходи во Питсбург меѓу 2015 и 2017 година. На момчињата им биле поставени прашања колкава е веројатноста да се согласат со изјави за родови норми како: „Еден маж не смее никогаш да удри друг маж за да добие почит“ и „Јас би бил пријател со маж кој е хомосексуалец“. Koлку повисоки оцени давале за овие изјави, толку попрогресивни гледишта за родовите биле претпоставени.

Истражувањето е клучно за да откриеме повеќе за тоа како овие мислења влијаат врз однесувањето и потребата од превенција во текот на оваа возрасна група. Според истражувачите, кај возрасните што доживеале насилство од партнери, 26 отсто од жените и 15 отсто од мажите доживеале вакво насилство пред 18 години.

Истражувачите откриле дека една област на насилно однесување, хомофобично малтретирање, не е во согласност со поголемите откритија на истражувањето за прогресивните гледишта кон родовите врски поврзани со пониско насилничко однесување.

– Би очекувале дека колку се понапредни вашите верувања, толку е помала веројатноста да се вклучите во хомофобично задевање. Но, не го откривме тоа – вели Милер.

Милер вели дека САД се наоѓаат зад другите земји кога станува збор за едукација и обезбедување програми за превенција против насилство врз жените.

– Ова е една од областите каде што сме во застој – вели таа. За жал, таа и нејзиниот тим, кој работи со млади спортисти, велат дека колку порано можат да ги натераат момчињата да разберат како и зошто постои нивното мислење за родовите, толку подобро.

-Раната адолесценција може да биде навистина важно време за интервенција – вели Милер. Нивната процена има цел да даде информација за идните напори за спречување на насилството кај младите преку идентификација на потенцијалните показатели за извршување насилство.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top