Не е лесно да се изборите со постојаните промени на расположението на адолесцентите во домот. Адолесценцијата за многумина е најтешкиот период во животот, кога самодовербата им е на постојан удар. Особено се несигурни пред своите врсници, мислејќи дека сите други се подобри од нив, покажуваат низа студии.

Научниците од Факултетот за психолошки науки на универзитетот „Харвард“ набљудувале лица помеѓу осум и 23 години во ситуации кога верувале дека ги набљудуваат врсниците. Експертите ја потврдиле почетната премиса, а тоа е дека додека некој ги набљудува, доаѓа до поголема поврзаност помеѓу две подрачја во мозокот – медијалниот префронтален кортекс и стриатум, задолжени за регулација на емоционалните состојби и однесувања.

Тоа бил одговорот на прашањето зошто самодовербата во тие моменти им е особено чувствителна и зошто се бараат себеси често впуштајќи се во ризични ситуации.

Извор



912

X