Џордан Дрискел (31), татко на пет деца, предизвикал жестока дебата откако на „Инстаграм“ споделил видео на кое ги шета своите пет деца на поводник. Иако користи поводник за да не му побегне некое дете, многумина го осудиле. На видеото се гледа како Џордан држи пет јажиња, секое поврзано со појас што го носи едно од неговите деца.

– Кога луѓето ме осудуваат дека користам поводници за моите деца, им велам да дојдат да прошетаат една милја во моите чевли – напишал Џордан.

„Подобро да се спречи отколку да се лечи. Да имав толку деца, би го направил истото“ – пишува во еден коментар, додека многу други се согласиле: „Со пет деца, ти треба ова. Ти си одговорен родител“, „Откако моето двегодишно дете се обиде да истрча на улица, користиме и поводник“, „Гледам дека безбедноста на децата ти е приоритет, браво тато“, му напишал друг.

Сепак, има уште многу кои не се за овој метод и го нападнале Џордан затоа што „ги третира децата како животни“. „Тие се луѓе, а не кучиња. Подобро да ги научите како да се однесуваат на улица“ – се вели во еден коментар. „Дали следниот пат ќе ги тренирате да влечат санки“, „Поедноставно би било да немате толку многу деца“, велат другите.

Американецот објаснил дека неговите деца се љубопитни и сакаат да трчаат и истражуваат. Јажињата му помагаат нему и на неговата сопруга да го зачуваат сопствениот душевен мир и разум.

„Поводниците ни овозможуваат да излеземе од дома и да се забавуваме без стрес. Имавме количка со пет седишта, но беше непрактично. Децата сакаат да одат во метеж, а поводникот им дава можност да го направат тоа, а ние да имаме контрола над нив“ – рекол тој.

Докторката Дебора Гилбоа ги гледа поводниците како креативно решение. „Алтернативата би била да се остане дома. Ова е одлична работа за дете кое не ги усовршило вештините за слушање. 99 отсто од мајките и татковците го сакаат најдоброто за своето дете“ – заклучила таа.

Автор: Анамарија Дукши

Извор



912

X