Во моментот кога го погледнав креветчето за да проверам дали спиеш, сфатив дека имам време да ги завршам домашните обврски, да ја испразнам машината за садови, а веројатно имам време и да ја вклучам машината за перење. Сепак, во моментот кога те гледам како дишеш додека спиеш, сфаќам дека само би требало да бидам покрај тебе. Затоа што ти си мое дете засекогаш, а мое бебе си само година дена.
Истрчав во кујната по кафе, во брзање грабнав колаче од масата и се вратив кај моето бебе. Гледајќи како се движи и полека се движи, сфатив дека би требало да легнам покрај него, бидејќи тоа е мое дете засекогаш. Мојот телефон непрестајно ѕвони, е-пораки пристигнуваат цело утро. Се обложувам дека сигурно 5-10 луѓе чекаат да се јавам, морам да се погрижам за сметките што доаѓаат следната недела. Во бележникот имам однапред испланирана агенда на активности кои ме чекаат. Со оглед на тоа дека претходната ноќ организирав активности, денес морам да ги остварам. Реализацијата на обврските се одвива така што сфаќам дека би требало само да легнам покрај своето бебе. Сепак, тој е мое бебе само една година, а мое дете цел живот.
Со забрзан чекор тргнав од собата, чувствував грижа на совест бидејќи ќе те запоставам на неколку минути. Сакав да го искористам ова време кога спиеш. Неколку моменти подоцна повторно се најдов пред креветчето, загледана во тебе. Се наведнав за да бидам сигурна дека дишеш додека твоето малечко тело едвај се движи. Додека ја допирав твојата малечка рака и така внимателно ја ставав својата, сфатив дека би требало да легнам покрај тебе.
Бидејќи ти си мое дете засекогаш, но мое бебе само една година.
Кога посегнав да те кренам откако почна да се будиш, те зедов и те ставив на своите гради. И тогаш сфатив дека би требало почесто да поминувам време со тебе и да лежам покрај тебе, дури и кога спиеш. Бидејќи ти си мое дете засекогаш, а мое бебе само една година.
Воздивнав. Се разнежнив додека ти тивко, но прецизно ги стегаше своите ситни прстиња околу моите, а очите и понатаму ти останаа затворени. Почна да се смееш така лесно како да мислиш во себе – ете ја. Конечно ме послуша. Таа е овде. Таа е покрај мене. Добро е чувството да ја имам во близина.
Сепак, ти си мое дете засекогаш, но мое бебе само една година.
Автор: Реган Лонг