Кој и да рекол: „Не е важно она што го велиш, туку она што го правиш“, никогаш немал деца. Децата учат многу за тоа како функционира комуникацијата набљудувајќи ги своите родители во интеракција. Ако сте лути, и децата веројатно ќе бидат лути. Ако користите лоши зборови, и тие ќе користат лоши зборови. Се разбира, тоа се однесува и на онаа помалку очигледна територија: несвесно кажување фрази кои, на прв поглед, звучат безопасно. Неколку експерти за односи издвојуваат 7 фрази кои не би смееле да ги употребувате во комуникацијата со партнерот во присуство на децата:

Премногу си чувствителен/а

Генерално, никој нема право да ѝ кажува на друга личност како да се чувствува. Оваа лоша навика им испраќа многу лоша порака на децата: „Изјава како оваа ги поништува чувствата на вашиот партнер и вели дека нема право да биде вознемирен“, вели терапевтот за парови Кимберли Хершенсон и додава дека никој нема право да ви каже која е соодветна реакција на ситуација бидејќи се работи за вашите чувства.

Не ми е грижа

– Ако вашиот партнер ве прашува за мислење или за идеја, фразите како „не ми е грижа/гајле“ или „не ме интересира“ испраќаат сигнал дека не сте заинтересирани за она што има да ви го каже – вели терапевтот. Постојат попристојни начини на кои можете да кажете дека не сте заинтересирани или сакате да нарачате мексиканска или италијанска храна за вечера бидејќи под а) и двете се вкусни и под б) по долг ден, таа одлука не ве интересира.

Зафатен/а сум

Луѓето се поврзани повеќе од кога и да е, а повторно поосамени од кога и да е – а фразите како оваа се причина за тоа. „Говорејќи дека сте зафатени или дека немате време додека истовремено правите нешто, како допишување или одговарања на е-пошта додека вашиот партнер се обидува да добие повратна информација од вас – прави тој/таа да се чувствува осамено“, објаснува терапевтот. Додава дека таквите фрази им испраќаат лоша порака на децата, правејќи да се чувствуваат како да не се доволно важни за вас.

Морам да вежбам бидејќи моето тело…

„Без разлика на фактот што не сте ги виделе своите ножни прсти некое време, оваа забелешка може да има потресно влијание врз сликата на детето за сопственото тело“, вели д-р Френ Валфиш, психотерапевт. „Ако вашето дете гледа дека секојдневно застанувате на вага и ве слуша како велите дека сте дебели, би можело да развие нездрава слика за телото. Бидете свесни за она што го зборувате и правите бидејќи на децата тоа им е своевиден шаблон со чија помош ги впиваат пораките за себе“.

Ти реков

„Овој израз не помага во ниту еден однос, па нема ни дома“, објаснува советникот за двојки Џонатан Бенет. „Можеби изгледа безопасно да му се каже на партнерот дека вие сте во право, а тој/таа не е, но на децата им се испраќа порака дека целта на комуникацијата е во тоа да покажете дека сте во право и дека целта е да се контролира ситуацијата наместо постигнување заедничка цел.“

Погледни што направи

Ваквата фраза подразбира дека грешката сама по себе е голема работа, што е неконструктивно и непристојно. „Наместо тоа, фокусирајте се на тоа дека грешката може да се поправи на задоволство на сите“, вели Бенет и додава дека грешките секогаш треба да се сфаќаат како можност за учење наместо како неуспех.

Никогаш не правиш ништо

„Говорејќи му на партнерот дека никогаш ништо не прави по дома, се подразбира дека ако вие сте премногу зафатени со домашните обврски – другите во вашето семејство не прават исто како вас и немаат еднаков товар. Со оглед на тоа дека децата поминуваат многу време во домот, тоа би можело да им даде впечаток дека партнерот кој на некој друг начин придонесува кон домаќинството, всушност, не прави ништо“, објаснува советникот.

Автор: Ана Шефчек

Извор



912

X