Повеќето жени имаат тетка, без оглед дали е роднина или семејна пријателка, која позитивно влијаела врз нивниот живот додека растеле.

Се чини дека постои причина зошто толку многу жени имале токму ваква врска со нивните тетки. Еден експерт за родителство вели дека тетките можат да играат огромна улога во развојот на младите девојки.

Секој што имал среќа да расте со тетка што дава огромна љубов и поддршка знае колку е посебна оваа врска.

Тешко е да се опише, но врската помеѓу тетката и нејзината внука е целосно уникатна. Според психологот и експерт за родителство Стив Бидулф, на младите девојчиња тетката им е пример за понатаму во животот.

Бидулф има објавено голем број книги за родителство, а две од неговите неодамна објавени книги, „Воспитување девојчиња“ и „10 работи што им се потребни на девојчињата да пораснат силни и слободни“, конкретно се осврнуваат на проблемите со кои се соочуваат младите родители. Тој сака родителите да бидат подготвени за уникатните предизвици со кои се соочуваат девојчињата денес.

Според него, постои загрижувачки тренд што ги таргетира младите девојки. Токсичките пораки од медиумите и континуираната нееднаквост со кои се соочуваат девојчињата низ светот има негативни ефекти врз нивното ментално здравје.

Поради пораките во медиумите што го таргетираат изгледот на девојчињата и нивната самодоверба, тие се изложени на ризик од развој на анксиозност и нарушување на психичкото здравје.

Силните модели, како мајките и тетките, помагаат да се намали овој ризик, но тетките играат особено важна улога. Како што растат девојчињата, природно е да престанат да бараат совети од мајката. Сепак, нив им треба некоја постара личност што ќе им помогне и ќе ги води, а токму тука доаѓаат тетките, објаснува Бидулф.

Да се има некој како тетката, ги спречува тинејџерите да одат и да бараат совет од врсниците. Секако дека се важни пријателите и врсниците, но тие ја немаат зрелоста и одговорноста да им помогнат на младите девојки.

Важно е да се знае дека тетките доаѓаат во многу форми. Тие не мора да бидат крвни роднини. Многу луѓе растат со тетка која е блиска пријателка на семејството. Изреката – Потребно е цело село да се одгледа едно дете е доста вистинита во овој случај.

Ако сте тетка, не потценувајте ја важноста за градење однос со вашата внука. Она што почнува како чување бебе, одење на кино, може да се претвори во создавање долготрајна основа за значајна врска.

Пред да знаете, на ова девојче ќе му биде потребен совет кога да се справи со некои тешки одлуки и ќе знае дека има некој кому слободно може да му се обрати.

Автор: Ејми Пинкилтон



912

X