Изборот на следното ниво на образование е една од најважните пресвртници за секој ученик. За да се олесни тој процес, првиот и најважен чекор е детална процена на потенцијалите. Токму затоа, овој тест за способности е наменет да им помогне на учениците подобро да ги разберат своите силни страни.
Иако е корисен за сите возрасти, овој тест за способности е од огромно значење за:
- Учениците што го завршуваат основното образование и избираат средно училиште.
- Учениците што се наоѓаат пред одлука за избор на факултет или идна професија.
Зошто е важен тестот за способности?
Овој дел е наменет исклучиво како помош за откривање на реалните когнитивни карактеристики и вештини, односно насока кон областите во кои ученикот природно и со леснотија постигнува најдобри резултати.
Добиените резултати од овој тест за способности нудат одлична основа за размислување. Следно ќе објавиме и тест за интереси. Дури кога ќе се направат двата теста и ќе се комбинираат реалните способности со личните интереси, учениците и нивните родители ќе ја имаат целосната и точна насока за следното образование.
Тестот е достапен на овој линк, брзо се решава и нуди одлични насоки за понатамошниот образовен пат.