Клиничката болница „Жан Митрев“ има можност за згрижување и изолација на инфективни пациенти. Рутински правиме испитувања на коронавирус и на сите други вируси.

Нашата лабораторија за генетика и персонализирана медицина е единствената што нуди детекција на новиот смртоносен коронавирус (SARS-CoV-2) со RT-qPCR тест според протоколот на CDC.

Испитувањата се прават исклучиво со претходно закажување на телефонскиот број +389 2 3104 921. Цената е 1.500 денари.

Во нашата клиника се преземени сите потребни мерки за заштита на пациентите и персоналот. Сите вработени се едуцирани за соодветна хигиена, дезинфекција и посебен режим на посета на пациенти уште пред оваа епидемија да добие ваков обем.

Ние имаме услови за прифаќање инфективни пациенти со тоа што имаме соби со негативен притисок кои се пропишани за аерогена изолација.

Но, според JCI, нашата политика вели таквите пациенти да ги трансферираме на Инфективната клиника.

Исто така, ние како болница не би требало да хоспитализираме и да третираме пациенти со коронавирус (како закана за епидемија) бидејќи препораката е таквите пациенти да се препраќаат на Инфективна клиника, односно болниците што имаат оддел за инфективни болести како што беше кажано од Министерството за здравство. Но, доколку ресорното министерство ја промени оваа одлука, подготвени сме да излеземе во пресрет согласно потребите на државата.

(Комерцијална објава)



912

X