Изборот на вистинскиот партнер е клучот за среќна и успешна врска. Иако сите бараме различни квалитети, постојат одредени квалитети кои се знак за зрелоста на партнерот, вели терапевтот со повеќе од 40 години искуство, д-р Тина Тесина. Според неа, мажите кои ги покажуваат овие карактеристики често се одлични партнери во долготрајните врски. Еве за кои карактеристики станува збор:

Има смисла за хумор

-Смислата за хумор која вклучува позитивни и духовити шеги, а не шеги на туѓа сметка, е знак на зрелост кај мажот. Партнерот кој може да ве насмее и да ви го подигне расположението, особено во тешки времиња, има вредна способност да ги олесни секојдневните предизвици – објаснува терапевтот.

Го интересира мислењето на партнерот

Партнер кој искрено ги слуша нашите мисли и чувства, се сеќава на она што сме го кажале и реагира со емпатија и грижа, покажува длабока почит.

-Таквата личност ги гради темелите за квалитетна комуникација и меѓусебно разбирање, што е од суштинско значење за успешна врска – вели Тесина.

Заедно решаваат проблеми

Најважната особина за успешна врска е способноста заедно да ги решавате несогласувањата, тврди терапевтот.

-Ако можете да зборувате за вашите разлики без сарказам и да работите на решение, вашата врска има одлична перспектива – објаснила таа.

Ја прифаќа партнерката таква каква што е

Партнерот кој ги разбира и прифаќа нашите уникатни разлики, без да се чувствува загрозен или во одбранбена позиција, придонесува за сигурност и возбуда во врската. Тесина истакнува:

-Сличностите носат удобност, додека разликите ја збогатуваат врската и ја одржуваат свежа.

Има балансиран карактер кога се во прашање скромноста и понизноста

Личноста која останува скромна при своите успеси, учи од неуспесите и одржува перспектива низ животните подеми и падови, покажува емоционална стабилност и издржливост.

-Ваквиот партнер нуди сила и поддршка во сите околности. Конечно, запомнете – паметниот партнер ќе ги бара истите квалитети во вас. За да успеете во врската, обидете се да бидете партнер каков што би сакале да имате – заклучила Тесина.

Извор



912

X