Иако децата обожаваат да возат велосипед, истражувањето на здружението „Индустри асосиејшн“ покажало дека таа навика кај малите деца паднала за 19 отсто во периодот помеѓу 2007 и 2019 година. Тоа е вистинска штета бидејќи возењето велосипед на свеж воздух е одлична, забавна и здрава активност.

Придобивките од возењето велосипед за децата и тинејџерите се:

– Велосипедот ги одвлекува од екраните и седењето во затворен простор.
– Возењето на сонце и свеж воздух го снабдува организмот со витаминот Д.
– Им обезбедува подобро кардиоваскуларно здравје.
– Велосипедизмот ги гради мускулите.
– Го подобрува чувството за рамнотежа.
– Го подобрува чувството за координација на движењата.
– Добро е за менталното здравје, го намалува чувството на тегоби или стрес.
– Помага во градењето самодоверба.
– Придонесува за поврзаноста со другите деца што сакаат да возат велосипед.
– Добро е за околината бидејќи тоа е вид транспорт кој не загадува.

Важно е да се внимава на безбедноста

Во текот на возењето велосипед важно е да се придржувате до некои правила за да не дојде до незгода која понекогаш може да биде и кобна. Детето секогаш треба да носи кацига, без разлика колку е кратко возењето, бидејќи несреќата може да се случи во секунда, а најлошо е да се удри со главата во работ од тротоарот, во камен или нешто тврдо што може предизвика тешки повреди на главата.

Внимавајте и на видливоста на детето на патот така што ќе носи облека со силни бои, рефлектори или светла за другите учесници во сообраќајот да можат да го забележат навреме. Овој совет е особено важен во текот на возењето велосипед рано наутро или кога заоѓа сонцето.

Уште неколку совети:

– Добро е да се користи и заштитен крем за сончање за кожата на детето да биде заштитена од УВ-зраци.
– Доколку детето оди на возење кое ќе трае повеќе часови, нека понесе вода или нешто за пиење.
– Учете го детето да се држи до велосипедските патеки наместо да вози по улица.
– Научете го нешто за сообраќајните знаци и колку е важно да ги почитува.
– Научете го детето да биде секогаш внимателно додека вози.
– Не дозволувајте му да користи слушалки додека вози бидејќи е важно да слуша што се случува околу него.
– Објаснете му ги опасностите од користење мобилен и пишување пораки додека вози велосипед. Научете го да паузира со возењето, да го заврши тоа што треба на мобилниот, па потоа да продолжи со возењето.

Извор



912

X