Воспитување

Тепачка со перници, гледање филм до доцна… Одвреме-навреме прекршете ги родителските правила

Поставувањето разумни правила и граници, кои конзистентно ќе ги зајакнувате, е камен-темелникот на доброто родителство. Од друга страна, животот е тежок, па би ни користела малку забава. Значи, можеби е време за да ги прекршите сопствените правила во мала мера.

Децата фрлаат храна на ѕидовите за да видат што ќе се залепи. Ништо не го радува детето повеќе од родител кој спонтано почнува да скока на креветот или објавува дека за вечера ќе се јаде сладолед.
– Да се тргнете малку од шините, да бидете флексибилни и да размислувате надвор од кутијата, може да биде катарзично чувство. Исто така, тоа може да го зајакне поврзувањето на родителот со детето. Ако ова значи дека мора да се води борба-мачување со светлосни стапчиња пред спиење, нека биде така. Може да вклучува и фрлање на алиштата во прилично креативна игра, или случајна борба со перница за да се оттргне мрачното расположение. Што и да правите, насочете се кон смеа и достојна доза на будалштини“, вели Пем Џ. Хект.

Еве неколку начини за да си ги скршите сопствените правила и да излезете од незабавната рутина во која се наоѓате:

– Направете борба со пуканки. Се смета како борба со храна, но нема да направите ужасен неред.
– Играчките што за се надвор внесете ги внатре. Нема причина зошто да нема хулахоп во дневната соба.
– Нека јадат чипс в кревет, проклети нека се трошките.
– Дозволете им да креираат нови правила за денот кои вие мора да ги следите и гледајте ги како се радуваат на таквата моќ.
– Нацртајте слики на рацете, нозете и на лицата на секој од вас (со маркери што се вадат)
– Пред да ги однесете в кревет, кажете им: Нема врска, ајде да останеме будни до доцна и да гледаме филм!
– Оставете ги да прават неуредна активност која вообичаено не ја дозволувате.
– Направете масивна тепачка со перници.
– Кажете им колку што можат повеќе да шлапкаат во кадата полна со вода.

Само бидете безбедни. Вие најдобро ги знаете вашите деца, ако останувањето до доцна една вечер им ја наруши рутината во следните три дена, тогаш тоа веројатно не е правило кое треба да се скрши.

Но, прекршувањето на правилата по малку и некогаш може да биде и ментална пауза за вас, која супер ќе ви дојде.

Автор: Меган Моравик Валберт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top