По еден месец поминат на Одделот за интензивна нега и терапија во клиничката болница „Жан Митрев“, малата Теодора, која била родена во 25. недела од бременоста на мајката и тежела само 800 грама, си замина дома со нејзините родители. Во оваа здравствена установа се згрижуваат предвреме родени деца, во најсовремени услови.

Фото: „Жан Митрев“

– Таа е предвреме родена, во 25. гестациска недела од бременоста и тогаш тежела само 800 грама. По два месеца поминати на Клиниката за гинекологија и акушерство, Теодора е префрлена на Одделот за интензивна нега во „Жан Митрев“. Тешка одвај еден килограм, во тешка состојба, со инфекција и на машина за дишење, Теодора го почна својот престој на одделот. Полека следуваше подобрување на состојбата, постепено почна да се храни и да напредува и по еден месец здрава и тешка 1.700 грама, си заминува дома со нејзините родители. Пред неа е долг пат на растење, ама овој мал борец успеа за три месеци да ја добие најтешката битка. Ѝ посакуваме среќно детство – информираат од „Жан Митрев“.



912

X