Времето поминато пред екранот е дел од родителската сложувалка која секој ден сѐ повеќе се пополнува. А она што го прави овој аспект особено тежок е тоа што всушност „газиме“ на непозната територија, и без разлика дали тоа го признаваме или не – екраните станаа дел од нашето секојдневие. Дали е можно на малите деца да им се дозволи „телевизиска забава“ и истовремено да се придонесе за нивниот развој?

Колку време гледање телевизија е прифатливо?

„Експертите за мали деца под 3 години препорачуваат помалку од еден час пасивно гледање телевизија дневно“, објаснува д-р Кристи Гудвин, консултант за родителство во дигиталната ера, додавајќи дека не мисли оти родителите треба строго да се придржуваат до тие упатства: „Иако не препорачувам – слободно владеење – кога се во прашање малите деца пред екранот, мислам дека некои други важни аспекти се занемарени“.

Според д-р Гудвин, има неколку работи што треба да се земат предвид кога станува збор за соодветно време на екранот:

Што се гледа: Дали содржината е соодветна на возраста и е едукативна?

Кога се гледа: На пример, 90 минути пред спиење децата не треба да гледаат во екранот.

Со кого се гледа: Гледањето со родител, брат или сестра или врсници може да помогне да се развијат вештините за зборување на детето за време на интеракцијата.

Каде се гледа: Дали екранот е во пристапна област од домот каде што можете да учествувате и да го надгледувате детето во неговото користење?

Зошто се гледа: Дали телевизијата е постојано активна како „дигитална дадилка“ или „смирувачка“ за детето? Ако е така, можни се проблеми во емоционалниот развој на детето бидејќи на тој начин тие учат како да се „потпираат“ на екранот за удобност или емоционална регулација.

„Технологијата е присутна во нашите животи и мораме да ја прифатиме, но рамнотежата е клучна“, објаснува д-р Карен Филип, психотерапевт и автор на неколку книги за родителство. Д-р Гудвин додава дека најважно е времето на екранот да не ги замени другите легитимни искуства за кои учат малите деца и кои им се потребни за оптимален развој: „Овие искуства вклучуваат креативна игра, интеракција со врсниците и семејствата и физичка активност“.

Како да се следи времето на екранот?

„Ако вашето дете гледа телевизија, следењето на детето мора да биде приоритет“, вели детскиот психолог д-р Чиу Лау, а д-р Гудвин додава дека е многу важно да се применат ограничувања за да се поттикне здрава врска со технологијата и на тој начин да му се овозможи на детето да има позитивна навика да ги користи медиумите подоцна во детството.

Идеите што ќе им помогнат на родителите да го направат тоа вклучуваат поставување одреден број епизоди од цртани филмови што детето може да ги гледа (ова е помалку апстрактно од поставувањето временски период бидејќи малите деца сè уште не го разбираат). На пример, дозволете му на детето да гледа една епизода од цртан филм, но предупредете го дека треба да го исклучи телевизорот во моментот кога епизодата ќе заврши.

Извор



912

X