Минатиот викенд новата Телеком flagship продавница на плоштад беше место исполнето со детска смеа. На работилниците за најмалите – „Креативност и технологија“, децата и нивните родители се забавуваа, учеа и креираа користејќи ја технологијата.

Работилниците, кои беа отворени за сите посетители, понудија едукативни програми за секоја возраст. Децата низ игра со лего-коцки ги истражуваа емоциите и физичките карактеристики, учеа да размислуваат критички и да решаваат проблеми и имаа ретка можност да се едуцираат за роботика преку задавање мисии и задачи на робот, што особено им се допадна.

Имаше голем интерес и за изработка на 3Д-формите со 3Д-пенкала, изработка на Дедо Мраз и новогодишни украси во 3Д-форми од хартија, особено кај најмалите учесници. Преку овие работилници, освен што се забавуваа, децата научија како технологијата може да ја поттикне креативноста и да го олесни учењето.
Работилниците беа поддржани од СТЕМ Академија, М3ДС и Harteeya. Убавата енергија и забавата продолжуваат и наредниот викенд. На 21 декември во новата Телеком flagship продавница на плоштад ќе се одржи концерт на омилениот детски лик кај нас – Петко и 5+ Фамилија.
Следете ги фан-страниците на „Македонски телеком“ за да дознаете повеќе: Facebook, Twitter и Instagram.



912

X