Здравје

Телефонот ви е почесто в раце отколку детето? Дознајте ги последиците

Истражување за мозокот покажува дека големото внимание што родителите му го посветуваат на мобилниот телефон може да влијае врз правилниот развој на мозокот на бебето, а и да предизвика емоционални нарушувања кај него подоцна во животот.

Во студија објавена во списание за психијатрија научниците покажуваат дека расеаното внимание на родителите понекогаш може да има штетни ефекти врз развојот на детето, особено на нивната способност да изразат задоволство. Студијата е направена на глувци, но како што велат авторите, резултатите можат да бидат многу релевантни за многу интеракции меѓу родителите и бебињата во нашиот свет опседнат со технологија.

Бебињата треба да имаат конзистентно внимание од родителите со цел соодветно да се формираат емоционалните процеси. Ако мајката е расеана, односно вниманието ѝ го одвлекува телефонски повик или сигнал за порака, тоа може на долг рок да предизвика лош развој на системот за задоволство, а подоцна во живот може да придонесе за развој на растројства на расположението кај детето, како што се појава на анксиозност и депресија.

Во последниве години зависни сме од нашите мобилни телефони. Тие се совршени алатки за избегнување, од што нашите деца го извлекуваат подебелиот крај. Родителите треба да ја променат навиката телефонскиот уред да има приоритет пред детето, пред да биде предоцна. Треба да се надоместат сите пропуштени шанси за комуникација со детето.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top