„Мајчин бакнеж“ е едноставен трик што треба да го знае секој родител. Малите деца од љубопитност можат да направат различни ризични работи, а тоа вклучува и ставање различни предмети во носот. Во вакви ситуации, токму оваа техника може да спаси живот.

Ники Јуркуц, медицинска сестра и мајка на две деца, чиј инстаграм-профил „Tiny Hearts Education“ станува сè попопуларен поради корисните совети што ги нуди, неодамна објави видео во кое се гледа како му помага на нејзиниот син кога се нашол во таа навидум безнадежна ситуација.

– На Волфи синоќа му заглави грашок во носот. Испаничив во првите две секунди, а потоа се сетив на една техника што може да исфрли туѓо тело – вели Ники.

Станува збор за потег што бара да ја ставите устата околу устата на бебето и да создадете вакуум. Спротивната ноздра од блокираната треба да се затне со прст и да се дува силно додека не почувствувате отпор. Потоа дувнете силно во устата на бебето и предметот буквално ќе излета од ноздрата каде што заглавил.

– Пренесете им на другите. Ова синоќа нè спаси од одење во итната помош – вели таа.

„Мајчиниот бакнеж“ е техника што може да помогне во 60 отсто од ваквите случаи.

Извор



912

X