Настрана од сета радост што ја носат девојките на овој свет, излегува дека тие можат да додадат и неколку драгоцени години во животот на нивните татковци, се вели во едно истражување. Според резултатите од истражувањето, мажите што имаат ќерки живеат подолго од оние што немаат.

Истражувачите од Универзитетот „Јагиелонијан“ се обиделе да откријат како влијаело раѓањето на детето врз здравјето, телото и животниот век на таткото, а во него учествувале над 4.310 луѓе, меѓу кои 2.147 мајки и 2.163 татковци.

Иако било откриено дека синовите немаа никакво влијание врз нивните татковци, ниту врз нивното здравје, ниту врз нивниот животен век, било откриено и дека бројот на ќерките е поврзан со долговечноста на таткото. Истражувањето тврди дека колку повеќе ќерки имаат, толку подолго живеат татковците. Поточно, секоја ќерка го продолжува животот на таткото во просек за 74 недели. Ова е одлична вест за сите татковци, но не и за мајките.

Имено, според друго истражување, објавено во „Американ журнал оф хјуман бајолоџи“, и синовите и ќерките имаат негативно влијание врз здравјето на мајката и го скратуваат нејзиниот животен век.

Извор



912

X