2019 година е – и иако би сакале да кажеме дека мажите и жените се еднакви партнери во родителството, останува фактот дека додека татковците се обидуваат да си ја исполнат улогата до максимум, мајката и понатаму го носи поголемиот дел од менталниот товар.

Затоа, не изненадува што новото истражување од Универзитетот „Риверсајд“ во Калифорнија откри дека татковците се посреќни родители од мајките.

Неколку истражувачи анализирале три студии во кои учествувале 18.000 луѓе. Нивната цел била да откријат кој од родителите е посреќен и кој има поголема благосостојба. Две истражувања ги споредиле нивоата на среќа на мајките и татковците со луѓето што немале деца, а третото се осврнало на тоа како родителите се чувствувале додека ги извршувале секојдневните активности. Резултатите ги споредиле со тоа како се чувствувале кога се грижеле и ги чувале децата.

И мајките и татковците биле најсреќни кога биле со своите деца, во споредба со некоја друга активност што ја извршувале, меѓутоа, татковците биле посреќни од мајките.

– Татковците се посреќни од мајките делумно поради тоа што минуваат квалитетно време со своите деца – вели Кетрин Нелсон-Кофи, авторот на истражувањето.

Поголема е веројатноста татковците да си играат со децата, додека кај мајките поголема е веројатноста да ги извршуваат секојдневните обврски додека ги чуваат децата: ги облекуваат, капат, хранат, ги носат, ги земаат, ги бањаат и други работи што треба да ги направат додека за нив во текот на денот.

Сите овие работи се време поминато со децата, но овие активности се исто така работа, а не игра. А кога мајката е главниот родител (што значи дека сите тешки работи паѓаат на неа), таа можеби нема многу време или енергија да игра.

Истражувачите велат дека истражувањето покажува дека и двајцата родители би можеле да имаат корист од играњето со своите деца.

Потребно е и татковците да земат дел од таа работа, за и мајките да можат да уживаат и да играат со децата.



912

X