Истражувањата покажале дека татковците имаат поголемо влијание врз ќерките отколку нивните мајки.

Зошто е важен таткото во емоционална смисла?

Студија објавена во „Џурнал оф фемили психолоџи“ открила дека девојките што имаат одлични врски со своите татковци имаат помал ризик за развој на депресија и анксиозност и дека тие полесно се справуваат со стресот. Тие не се срамат да зборуваат за своите чувства, што подоцна во животот им помага во делот на воспоставување на односите.
Меѓусебните односи, системот на вредности и самодовербата се некои од дополнителните работи што татковците ги обликуваат кај своите ќерки. Кога таткото ќе изгради здрав однос со својата ќерка, тој во суштина ѝ помага за заземе позитивен став кон себе и да ја зголеми својата самодоверба.

Зошто е важен таткото во практична смисла?

Не само што таткото има силно емотивно влијание туку има и огромно влијание врз финансиското и физичкото здравје на својата ќерка. Студијата на Универзитетот „Рутгерес“ покажала дека на девојчињата чии татковци активно учествувале во нивниот живот ќе им биде полесно да се снајдат во животот. Тие имаат и подобро физичко здравје за разлика од другите деца што немале татковци или татковците не биле ангажирани околу нив.

Татковците им помагаат на своите ќерки да обезбедат материјалната сигурност која, заедно со емоционалното и физичкото здравје, им овозможува да бидат поуспешни и финансиски постабилни.

Активно вклучени во животот на ќерката од раѓање

Татковците кои од самиот почеток се вклучени и чиј однос е поизразен може да очекуваат и да го видат плодот на нивниот труд. Најраното вклучување на татковците е концепт на новите времиња бидејќи пред само неколку децении на татковците не им беше дозволено да присуствуваат на раѓањето на своите деца.
Денес мажите имаат многу повеќе можности за активно да бидат вклучени уште на самиот почеток. Може да ги хранат своите бебиња, да ги заспиваат, да им менуваат пелени и уште многу други работи што ќе им помогнат да изградат посебен однос со своите ќерки.

Улогата на мајката

Иако присуството на таткото е од голема важност за ќерката, тоа не значи дека треба да се намали улогата на мајката. Мајката е тука за да им даде важен совет во врска со тоа што значи да се биде успешна мајка, тука е и на својата ќерка да ѝ помогне во работите поврзани со пубертетот, менструацијата итн.

 



912

X