Момчињата не ги слушаат своите татковци. Веројатно не ги слушаат ни своите мајки. Запомнете, сите сме луѓе. Дури и најдобрите татковци прават работи што не треба да ги прават во одреден момент.

Лошото однесување е како нишало. Несвесно, излегува од контрола, оштетувајќи го вашиот син. Постепено можете да го забавите замавот додека не остане речиси мирен, но никогаш нема целосно да запре.

Во продолжение се дадени работи што не треба да ги правите за да бидете подобар татко.

Не треба да бидете тивки

Како татковци, најболното нешто што можеме да го направиме е да ги игнорираме нашите синови – да се повлечеме во себе и да не го гледаме неверојатното дете пред нас. Ако можете, воспоставете физички контакт со вашиот син.

Не седете постојано на телефон

Сите ние одвреме-навреме сме преокупирани со работата, социјалните мрежи и електронските уреди. Кога сте со вашето дете, бидете присутни. Обидете се да не го користите телефон додека ручате или вечерате.

Момчињата ќе го следат тоа што го правите и ќе го направат истото. Оставете го телефонот и поставувајте му прашања. Прашувајте за неговиот ден и кажете му сè за вашиот.

Не ставајте ја работата на прво место

Како мажи, програмирани сме да бидеме работохоличари – да веруваме дека заработувајќи пари, ги сакаме нашите синови.

Мажите што работат толку напорно што никогаш не ги гледаат своите момчиња, ги повредуваат, дури и ако тоа е спротивно на нивната намера. Вашето време со вашиот син е ограничено и драгоцено, затоа третирајте го на тој начин. Поминете квалитетно време со него.

Не покажувајте ароганција

Како мажи, егото е наш непријател затоа што ни предизвикува страдање. Изигрувајќи „силен маж“ пред нашите момчиња, моделираме дека успехот е одговорот, но не е секогаш така.

Покажете понизност и скромност. Бидете ранливи. Признајте кога ќе згрешите, дури и кога ќе згрешите пред вашето дете. Покажете му дека како силен човек не ви треба оклоп на ароганција. Силниот маж е љубезен, несовршен, сочувствителен и тука е за другите луѓе.

Не лутете се и не покажувајте бес

Сите чувствуваме лутина, имаме несогласувања и животот не ни оди секогаш како што сакаме. Како се однесувате со луѓето со кои не се согласувате, особено кога тоа е мајката на вашето дете? Дали секогаш ги третирате жените со почит? Дали можете мирно да разговарате за несогласувањата, да ги искажете вашите гледишта и чувства, а потоа да слушате што има да каже другата личност?

Кога чувствувате дека ви надоаѓа бесот, дали си заминувате за да се смирите? Можеме ли да доживееме негативни емоции без да им дозволиме да нè преземат? Дали моделираме конструктивни начини за справување со конфликтот?

Не затворајте се емоционално

Толку многу мажи шетаат со своите емоции затворени во сефот во нивните души. Оваа болест буквално ги убива мажите. Тоа најмногу влијае врз младите мажи. За да се прекине циклусот, треба да се подготвите да бидете емоционално ранливи и да им дозволите на вашите синови да видат како изгледа тоа и да разберат дека е во ред. Тоа е единствената најважна работа на оваа листа.

Кажете како се чувствувате. Кога сте тажни, можете да плачете. Кога сте среќни, покажете дека сте среќни. Кога нешто е тешко, не преправајте се дека не е.

Автор: Томас Матлак
Извор



912

X