На сите родители им е тешко на почетокот, но брзо се справуваат со предизвиците. Најважно е да не заборавате да уживате бидејќи времето брзо минува, а додека да трепнете, малечките веќе ќе ги носите на училиште.

Татковци на близнаци, животот ќе ви се промени, тоа е факт.

-Прифатете дека во првите шест месеци веројатно нема да можете да направите сè што сте сакале. Одење на работа, неколку деца, фудбал, пиво со пријателите… Вашето хоби и она што го правите за забава одреден период ќе мора да трпи, но вреди да се жртвувате.

-Кога и да можете, олеснете ѝ на партнерката така што ќе ѝ подготвите топол напиток и нешто благо. Мала работа која праќа порака: „Знам дека немаш време за ова, тука сум да ти помогнам“.

-Вклучете се, не чекајте таа да ви побара помош. Сите обврски околу децата се ваши исто колку што се и нејзини, а доколку не знаете да направите нешто, побарајте да ви објасни.

-Ако можете, сами организирајте дополнителна помош. Дали вашите родители можат да зготват неколку оброци? Можете ли да платите некому да ви ја исчисти куќата или станот? Ова ќе ви помогне да си го олесните животот.

-Станете за време на ноќното хранење. Знаеме дека веројатно треба да работите, но обидете се да легнете малку порано. Ноќното хранење може да биде многу осамено и тешко за мајката, особено со две деца, па ќе ѝ значи многу на вашата партнерка ако учествувате во него. Исто така, на тој начин ќе се поврзете со децата.

-Запомнете дека вашата партнерка е дома цело време, без возрасен со кого да разговара, 24 часа на ден. Не доаѓајте дома и не кажувајте дека сте уморни и не можете да зборувате.

-И двајцата ќе бидете преоптоварени и исцрпени, затоа бидете љубезни еден кон друг. Запомнете дека нејзините хормони беснеат (но не споменувајте ѝ го тоа во никој случај). Само бидете нежни, тоа е вложување во иднината.

-Смејте се заедно. Извршувате многу напорна работа и ако можете да се смеете кога сте извалкани со измет од децата – тоа е нешто што ќе ви помогне да го пребродите сето тоа.

-Не фотографирајте ја вашата партнерка кога таа не е во репрезентативно издание.

-Кога малите ќе заспијат навечер, одвојте малку време и наздравете со чаша вино бидејќи сте направиле две деца кои ги одгледувате, а и поради фактот дека двајцата се трудите и го преживувате истото.

Извор



912

X