Игротека

Таткото треба да ѝ ја даде сета љубов на својата ќерка

Врската помеѓу татковците и ќерките е толку моќна, што го одредува патувањето на девојчето до моментот кога ќе стане возрасна личност. Истражување покажува дека децата кои имаат татко што ги сака, имаат поголеми шанси да бидат емоционално сигурни, социјално поактивни и самоуверени. Татковците ја обликуваат иднината на својата ќерка на многу начини, па затоа треба да бидат многу внимателни и да вложат напор во одгледувањето на нивните скапоцени девојчиња.

Татковците и ќерките имаат посебна врска која не може да се прекине и ниту еден друг маж не може да влијае врз животот на една девојка на толку добар начин.

Таткото дава пример за тоа како мажите треба да се однесуваат кон неговата ќерка

Односите меѓу мажот и жената го обликуваат ставот на ќерката кон она што може да го очекува од мажот. Таткото треба да ја покаже својата почит кон својата сопруга и да запомни дека треба да ја сака исто толку колку што сака неговата ќерка да биде сакана еден ден. Тој не треба да се плаши да ги изрази своите чувства и да покаже дека неговата ќерка никогаш не треба да се задоволи со помалку отколку што заслужува.

Таткото треба да ѝ ја даде сета љубов што може на својата ќерка

Секоја жена е малото девојче на нејзиниот татко длабоко во нејзиното срце, така што таткото не треба да се плаши да покаже дека неговата ќерка му значи. На ќерката ќе ѝ треба сета таа љубов за да ја изгради својата самодоверба и да сфати дека е достојна да биде сакана. Таа може да чувствува одредено сомневање во себе додека расте, но љубовта на таткото секогаш ќе ѝ дава сила да ги премине сите пречки на нејзиниот пат. Никој не може да го замени таткото и никој никогаш нема да го замени, па затоа треба максимално да ја искористи својата улога на татко.

Важно е да ѝ кажува дека е убава и однатре и однадвор –

Девојките толку многу се сомневаат во себе во текот на животот. Влијанието од нивните врсници, социјалните мрежи и недостижните стандарди за убавина може да ги натераат да се споредуваат со други и да ги зголемат шансите да имаат проблеми со самодовербата. Татковците треба да ги фалат и да ги потсетуваат своите ќерки колку се убави, а и да ги натераат да сфатат дека се повеќе од убаво лице. Во нивна моќ е да не дозволат другите да им ја уништат самодовербата и да се погрижат да имаат доволно верба во себе.

На секоја ќерка ѝ е потребно таткото секогаш да биде покрај неа

Колку и да е возрасна, ќерката секогаш ќе има потреба од безусловна љубов и поддршка од нејзиниот татко. Таа сака да знае дека нејзиниот татко ќе биде таму и дека ќе ја држи за рака, без разлика што прави. Се разбира, таа ќе научи правејќи грешки и таткото не може да ја заштити од тоа. Но, нејзиниот татко треба да ѝ покаже дека ништо не може да ја скрши неговата љубов кон неа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top