Замислете како се обидувате да направите совршена фотографија на вашето дете, а тоа би требало да ја прикаже својата најголема, најсветла и најприродна насмевка. Но, сите знаеме дека кога станува збор за децата, работите не се така едноставни, па на крај фотографијата не излегува онака како што сме сакале.

Соочувајќи се со ваков проблем, авторот и дизајнер Адам Пери развил трик кога го фотографирал својот син, а резултатите зборуваат сами за себе. Така, следниот пат кога ќе сакате да направите добра фотографија од вашето дете, можеби ќе сакате да го искористите „трикот“ на Пери.

Пери објави на „Твитер“ како го тера неговиот син да се насмевне, а тоа е со помош на едноставното зборче „кака“.

– Тој ја има најслатката „напната“ насмевка. Јас и мојата сопруга пред неколку години откривме дека ако викнеме нешто смешно и несоодветно и сме подготвени веднаш да фотографираме, ќе излезе нешто добро – раскажува Пери.

За жал, Пери вели дека овој трик престанал да има ефект врз неговиот постар син, на кој повеќе не му е забавен овој збор. Но, откако го сподели видеото на „Твитер“, тој откри многу други луѓе кои го искористиле неговиот трик за да направат одлична фотографија од своето дете.

Портретот кој е направен на првиот училиштен ден веднаш стана вирален. Многу родители се обидуваат да направат добра фотографија од нивното дете, па така фотографите ја поздравија неговата генијалност.

Ако ве интересира логиката зад тоа како функционира насмевката, психологот Сем Гослинг даде објаснување.

Извор



912

X