Марко Аврелиј ја посветил првата книга од „Медитации“ на влијанијата во неговиот живот и поуката извлечена од нив. Многу пофалби и благодарност наменети за неговиот очув што го посвоил, Антониус Пиус. Но, истото се случува и обратно – родителите, исто така, учат од своите деца.

Неодамна, Носисил Мгиди објавил на „Твитер“ лекции од она што тој го научил од татковството. И сето тоа го споделил со голема искреност.

– Грижата за детето главно се врти околу какањето. Каква боја е? Кога последен пат какало детето? Дали се мачело додека какало? Имаме ли доволно пелени за следните 10 големи нужди? Морам да го фотографирам овој измет за да му го покажам на лекарот. Отсега вашата галерија ќе биде полна со фотографии – од измет!

– За жал, постои облека која се носи само еднаш пред децата да ја надраснат. Без врска! Совет: немојте да купувате скапа облека!

– Без разлика колку сте фрустрирани поради бебето, тоа ќе ве разоружа за еден момент – со насмевка. Манипулатори малечки.

– Резервната облека за бебиња е и тоа како потребна, но резервната облека за родителите е уште поважна. Ќе ве повратат и ќе се смеат.

– Морате да имате подготвена база на податоци за аптеките кои работат 24 часа. Проверете ги аптеките кај болниците. Или се затвораат доцна или се отворени 24 часа. По некое време ќе ве знаат и по име.

– Потребно е многу да читате за родителството. Книгите или интернет-изворите ќе ви бидат секогаш на располагање.

– Составете плеј-листа (за кризни ситуации). Составив плеј-листа со чија помош го разоружувам бебето кога е бесно или изнервирано. Ја тестирав и на бебињата од моите пријатели.

– Можеби мислите дека сте добра личност, но всушност сте садистично суштество кое наоѓа радост во тоа што бебето ги одбива другите луѓе и ве сака само вас.

– Тие мали суштества секогаш се обидуваат да умрат, а работа на родителите е да ги спречат. Бебето ќе посака да падне од креветот со тркалање, ќе сака да го џвака врвот од полначот за компјутерот, ќе сака да ја голтне паричката што ви паднала од џебот. Ваша работа е 24 часа да ги спречувате тие опасни ситуации.

– По доаѓањето на бебето, вашата рутина целосно се менува. Ако ви е достапна помош, прифатете ја. Ако можете да си дозволите дадилка, набавете ја. Ако сте вработени, на вообичаените рокови додајте ден или два. Ако имате клиенти што имаат разбирање за вашата ситуација, како мојата, можеби и малото детиште ќе може да го однесете на неколку состаноци.

Бонус лекција за крај: Кога ќе добиете бебе, ниту еден мобилен нема доволно меморија за сите фотографии што ќе ги направите.

Овој татко советува да земете посебна мемориска картичка за фотографии или во краен случај да купите уште еден мобилен.

Автор: Аустеја Акавицкаите и Рокас Лауринавичиус

Извор



912

X