Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал поткастот на вашето дете? Тоа прашање го заинтригирало комичарот Тајлер Шампањ. Овој креатор на содржини замислил за што би зборувал неговиот двегодишен син доколку има микрофон пред себе, а видеото станало хит и собрало милиони прегледи на социјалните мрежи.

Комичарот прецизно го прикажал животот на мало дете во сатирично видео.

-Не спијам навечер. Спиењето е за стари луѓе, како моите родители во триесеттите – рекол тој на почетокот.

Потоа почнал да опишува што појадувал.

-Излижав грозје. Тоа е сè што ми треба. Не ми треба храна. Храната е губење време. Кога лижам грозје, добивам доволно енергија за да ги мачам родителите цело утро – се пошегувал тој.

@champagnetyler If my 2 year old had a podcast #toddlersoftiktok #dadsoftiktok #momsoftiktok #parenting ♬ Motivation – neozilla

Тајлер, исто така, зборувал и за битките што децата ги имаат со нивните родители околу облеката, а познатиот психолог Шефали Цабари го пофалила неговиот комичен став за родителството од детска перспектива.

-Проблемите со однесувањето не се лоши, тие откриваат подлабока, скриена потреба. Видеото на Тајлер е комичен потсетник да се обидеме да дојдеме до дното на работите – објаснила таа.

Многу родители коментираат дека видеото совршено ги доловува нивните деца, што е јасен потсетник за тоа дека мајките и татковците ги имаат истите борби.

Извор



912

X