Како што поминува веќе една година од пандемијата, време е менаџерите да започнат да го практикуваат она што го проповедаат. Ако сакаат да чувствуваме дека е во ред да бидеме и родители и вработени во текот на оваа криза, тогаш треба и тие да ни покажат дека се само луѓе. За среќа, еден татко го сторил токму тоа.

Френк Бах, дизајнер на продукти за апликацијата за медитација „Хедспејс“ од Лос Анџелес, споделил на „Линкдин“ приказна за тоа како им покажал на вработените дека е во ред да се балансираат одредени одговорности во исто време – дури и буквално. Дранк ја зел својата новородена ќерка со себе на зум-повик додека разговарал со својот тим, па испратил порака која секој менаџер треба да ја види.

– Нешто што еден колега ми го кажа ми остана во мислите. Лесно е да се заборави дека надвор од работата ние сме само луѓе. Вистина е – како лидер, сакам да ги охрабрам оние луѓе со семејства да не чувствуваат дека треба се кријат зад професионалноста. Ако се чувствувате пријатно со тоа, покажете ни го својот живот, своите деца, семејствата. Сите работиме од дома и се трудиме да го поминеме овој период, па да си ги олесниме деновите – напишал Френк.

Лидерите што им покажуваат на своите тимови дека е во ред да се има живот надвор до работата, предизвикуваат чувство на поддршка кај нив. А поддршката е она што најмногу им треба на вработените родители во овој кризен период. Стотици илјади жени се под огромен притисок или останале без работа поради недостиг на грижа за нивните деца. Неодамнешна студија од веб-страницата „Џоблист“ покажува дека 1 од 10 родители рекол оти не му била понудена никаква поддршка од работодавецот – и само 10,8 проценти од анкетираните ја опишале поддршката на работодавецот како „одлична. Жените уште почесто пријавувале дека поддршката од работодавците е слаба. Жените, исто така, 4 пати почесто го напуштаат работното место од овие причини, за разлика од мажите.

Па, менаџери, преземете ја иницијативата на Френк и покажете му на тимот дека сте вистинско човечко битие со емпатија.

– Ако Ковид-19 ме научи нешто, тоа е дека интеграцијата на живот-работа е исто така клучот како и балансот работа-живот. Земете го своето дете или милениче додека имате конференциски повик и поставете пример. Сето ова може многу да им помогне на вработените, особено на жените.

Автор: Квин Фиш

Извор



912

X