На само 3 години Алис има сопствено возило. Тоа се случи благодарение на нејзиниот татко, Томас Вадсворт (40), кој поминал 18 месеци и потрошил 1.800 фунти за да претвори половен скутер за инвалиди во минијатурен кампер само за неа. Тоа сино комбе со кожени седишта и приспособено надворешни налепници достигнува брзина до 12 километри на час и им овозможува на Томас и Алис да седнат внатре и да се возат заедно.

фотоизвор: TOM WADSWORTH / CATERS

Томас изјавил: „Сакав да изградам нешто што нема да чини многу, а мојата ќерка ќе ужива. И двајцата нè собира внатре, што значи дека и јас можам да уживам во она што сум го создал. Ова значи дека две-три деца може да влезат внатре, а заради безбедност, возилото има можност да се контролира и со далечински управувач. На Алис многу ѝ се допаѓа“, рекол таткото.

фото извор: TOM WADSWORTH / CATERS

За овој проект било потребно многу време и напорна работа, но реакцијата на Алис била вредна за сето тоа.

– Буквално вадев делови додека правев и фотографии за подоцна да знам како да го склопам. Имаше многу работа. Требаше да се сече оклопот, па откако го направив, го однесов возилото во локална продавница за спрејови каде што беше обоено во оригиналната боја од моделот. Ја направив електрониката за да може возилото да се движи, па инсталирав табла -раскажува  таткото.

фотоизвор: TOM WADSWORTH / CATERS

Истовремено ја направил и инсталацијата на управувачки механизам. „За тоа требаше да постои систем за придушување за да се овозможи и рачно управување“, вели Томас. По оваа макотрпна работа, таткото навистина заслужува големо признание затоа што успеал да креира вакво возило за својата тригодишна ќерка.

фотоизвор: TOM WADSWORTH / CATERS

Автор: Елен Скот

Извор



912

X