Еден татко на социјалната мрежа „Редит“ постави прашање до другите родители – кога повеќе не е прифатливо неговото дете да моча во јавност и кога треба да го носи во веце?

Загрижениот татко го интересираше што е „нормално“ кога станува збор за децата и мочкањето на јавно место.

Еве го неговиот пост:

„Мојот четиригодишен син мочка во нокширче повеќе од една година. Одвреме-навреме, кога влегува во автомобилот, тој ќе побара да мочка. Кога ќе се случи ова, излегуваме од автомобилот и го барам најблиското веце. Од друга страна, жена ми му вели да мочка близу патеката од нашиот дом или на паркингот.

Иако можеби ова беше прифатливо кога беше помал и учеше да го контролира одењето во веце, не мислам дека е во ред да се продолжи со оваа практика. Мојот став е дека ако има веце во близина, не би требало да мочка во јавност. Особено не во соседството или трговскиот центар.

Поголемиот дел од одговорите беа негативни.

– Тоа звучи мрзливо. Навистина е неприфатливо да се мочка во јавност – се вели во еден коментар.

– Боже, не мислам дека е во ред. На патеката од вашиот дом? Тоа е лудо и одвратно! – вели друг читател.

– Едно е ако децата играат во дворот или се прскаат со вода или слично, па одат да се измочкаат близу некое дрво. Но, да му дозволите на детето да мочка на патеката? Немам зборови за тоа – вели друг корисник.

– Вашата сопруга не му прави услуга со тоа што не го учи вашиот син на соодветно јавно однесување и не прави разлика меѓу навистина итни случаи и „ми се мочка, па ќе го направам тоа пред куќата“ – коментира друг.

Некои целата работа ја свртија на шега.

– Зошто би го учела синот дека е во ред да се мочка во јавноста? – пишува во еден коментар.

– Умирам од смеа! Децата немаат срам. Ги оставам децата да мочкаат пред дрво кога кампуваме. Мојот сопруг, пак, ги остава да мочкаат во нашиот двор. Иако е приватно, мене ме нервира. Има веце дома и е многу блиску. Оди внатре – вели друг корисник на мрежата.

Други, пак, ја бранеа сопругата тврдејќи дека синот иако мочка во нокширче, веројатно има слаб мочен меур и кога треба да оди, треба да оди.

– Моето искуство вели дека ако детето неодамна почнало да користи нокшир, кога мора да оди, мора да оди веднаш – вели еден коментар.

Други, пак, укажуваат на тоа дека родителите на момчиња се порелаксирани за мочкањето во јавност отколку родителите на девојчињата.

– Имам три момчиња и имам наидено на многу чудни правила што се однесуваат само за момчињата. Никогаш не би дозволиле тоа да го прават девојчињата, но е совршено прифатливо за момчињата – вели читател.

– Смешно е бидејќи повеќето луѓе не им дозволуваат на девојчињата да го прават тоа, а родителите на момчињата постојано го прават – додава друг.



912

X