Ако сте жена, тогаш знаете колку може да се болни менструалните циклуси. Ако немате болни циклуси, тогаш сигурно ваши пријателки или колешки ги доживеале. Всушност, многу девојки отсуствуваат од часови поради менструалните болки.

Еден татко се надева дека ќе го смени начинот на кој училиштата ги третираат отсуствата поради менструална болка.

Маркус Алејн покренал петиција во име на неговата ќерка Изи. Имено, нејзиното училиште не ја сметало менструалната болка за валидна причина за отсуство од училиште, па таа добила неоправдани изостаноци.

Семејството Алејн живее во Корнвол, Велика Британија. Таткото тврди дека неговата ќерка понекогаш не може да спие поради болките, па одлучил да остане дома и да не оди на училиште за да се одмори.

– Мислевме дека е исто како и за секоја друга болест или болка, но училиштето не ја признава менструалната болка како болка – вели тој.

– Не само што ме растажува дека треба да се покрене петиција околу ова прашање, туку и сум загрижен за физичката, менталната и социјалната благосостојба на моите ќерки и на сите жени што имаат болен менструален циклус – објаснува Маркус.

Во петицијата се наведува дека чинот на непризнавање на менструалната болка е пример за сексизам, особено затоа што во училиштата таквите одлуки најчесто ги донесуваат мажи.

Петицијата досега собра повеќе од 77.000 потписи и многумина ги споделија своите искуства и се надеваат дека таткото ќе може да направи вистински промени во училиштата, како и да ја подигне свеста за оваа многу честа здравствена состојба.

Извор



912

X