Ако имате мало дете, веројатно ви е поудобно да се возите со автомобил отколку со јавен превоз. Со количка за бебиња, не е лесно да се најде доволно простор во трамвај, метро или автобус, па мора да го забавувате детето и постојано да проверувате дали е безбедно. Сето тоа звучи прилично стресно, освен ако не сте во Финска.

Земјата неодамна беше прогласена за најсреќна во светот. Причините за освојување на оваа престижна титула вклучуваат фактори како што се великодушноста, прошетки, слобода на избор и очекуван животен век. Но, заборавиле да напоменат дека во таа земја е вистинско задоволство да се одгледуваат деца.

Џош Левин неодамна станал вирален кога покажал како изгледа јавниот превоз во Финска. Поточно, тој се фокусирал на детска игротека во самиот јавен превоз која има тобоган, масички со лавиринти и катче за читање, исполнето со сликовници. Просторот е чист, а возот не е полн.

Повеќето родители од други земји биле воодушевени од фактот дека вакво нешто воопшто постои. Од друга страна, еден Финец прокоментирал:

-Не знаев дека ова е неверојатно. Мене тоа ми е нормално.

Левин е роден њујорчанец кој се преселил во Хелсинки со сопругата и неговите деца – близнаци. Откако неговото видео станало вирално, тој одлучил да покаже повеќе причини зошто финскиот јавен превоз е нешто кон што секоја земја треба да се стреми.

-Возењето во метрото во Њујорк со двојна количка е практично невозможно, но во Хелсинки е лесно и бесплатно – открил тој.

Постои уште една причина зошто Финците се сметаат себеси за толку среќни луѓе. Тие го прифаќаат концептот дека играта е за деца, а наставните програми во градинките се базираат исклучиво на игра.

Извор



912

X