Секој родител се нашол во ситуација кога расправијата со детето ескалира во целосен излив на бес и лутина. На пример, вие сте во продавница со вашето дете, тоа вели дека сака играчка што ја видело на полицата, а вие почнувате да му објаснувате зошто во тој момент не може да ја земе играчката, што на крајот резултира со тоа што детето има излив на бес.

За среќа, постојат зборови кои би можеле да ви помогнат да избегнете такви ситуации. Еден татко на платформата „Редит“ открил дека кажувањето на фразата „и јас исто така“ – прави чуда.

-Кога нашето дете бара работи кои се бесмислени, јас му велам „и јас исто така“ и нема расправија – напишал тој.

Еве како тоа функционира во практика. Неговото дете рекло дека сака да оди на возење со брод. Таткото на тоа одговорил со „и јас исто така“. Детето повторило „и јас исто така“ и тука завршил разговорот. Многу родители се согласуваат дека ова е добар трик кој функционира и кога се во прашање емоциите.

-Детето ми кажува дека е луто или тажно, а јас повторувам „и јас исто така“. Чувствува дека го разбирам – открила една мајка.

Дури и родителите на тинејџерите потврдиле дека ја користат оваа фраза бидејќи таа не предизвикува одбранбена реакција кај постарите деца. На крајот на краиштата, изгледа дека овој совет може да им помогне на многу родители да поминат низ тешките моменти со децата од сите возрасти.

Извор



912

X