Игротека

Татко открива дека конечно сфатил зошто мајките се будат уморни

Познатиот блогер Клинт Едвардс, татко на три деца и автор на хумористични книги за родителство, не можел да разбере зошто неговата сопруга се будела уморна наутро, без оглед на тоа што децата спијат цела ноќ.

На крајот, сепак му станало појасно. Ви ја пренесуваме неговата приказна во целост.

По 8 часот наутро сопругата Мел ми рече дека не се наспала, а јас само ја прашав кога си легна. Имаме три деца и сите спијат цела ноќ. Не ми беше јасно како не се наспа, единствено ако остана подолго време будна, што веројатно беше и така.

– Околу 1 часот по полноќ отидов да спијам – рече уморно Мел.

– Зошто остана будна толку долго? Едноставно не сфаќам зошто не си легна во време кога си легнав јас – ја прашав. Си легнав околу 22 часот и уште вечерта ѝ реков да си легне со мене.

– Уште малку – ми рече таа, но изгледа не било уште малку.

– Не те жалам – ѝ реков, особено затоа што ова не е првпат да остане будна доцна во ноќта и тоа без валидна причина. Откако имаме деца, јас порано си легнувам, затоа што добриот сон ми е приоритет во животот. Но, Мел не е таква.

Во брак сме 12 години, а последните 9 години имаме деца. Оттогаш си немаме легнато заедно. Најмногу ме нервираше тоа што остануваше до доцна навечер и правеше којзнае што, а потоа наредниот ден се жалеше дека не е ненаспана.

На крајот повторно ја прашав зошто не сака да ми одговори на прашањето, зошто си легнува доцна. Седна на каучот, ги прекрсти нозете и седеше замислена. Седнав до неа и баш кога сакав пак да ја прашам, таа рече:

– Го поминувам целиот ден со децата. Целиот ден. А кога не се децата наоколу, јас сум со тебе и тоа е супер. Но кога не сум со тебе, сум со децата. Едноставно… – се помисли за момент и додаде: – Само ми треба време.

Почнав да размислувам за она што го кажа и не сфатив целосно. Никогаш не ми требало време за себе. Знаев дека ми треба сон, но очигледно не е истата работа.

– Како мислиш време за себе? – ја прашав.

– Сакам да седам на каучот, а никој да не вика по мене. Сакам во тој момент никој да не ме допира. Понекогаш, кога децата се цел ден околу мене, залепени се до моето тело, па чувствувам сензорно преоптоварување. Ми треба време да седам и да гледам нешто што не е „Пепа прасето“ или „Мајнкрафт“. Сакам мир и тишина, а ноќта е единственото време кога се чувствувам онака како што се чувствував пред да станам мајка – рече Мел.

Никогаш не помислив дека тоа е проблем во нашиот брак. Претпоставував дека Мел обожава да биде мајка. Тоа не значи дека не разговаравме за предизвиците на родителството, но не знаев дека ѝ треба време да се чувствува како немајка.

– Не сакаш да бидеш мајка? – ја прашав колебливо.

– Си ги сакам децата, но тоа нема никаква врска со мајчинството. Поврзано е со тоа да сакам да бидам сама. Понекогаш ни тебе не те сакам покрај мене. Ве сакам и тебе и децата, само ми треба време да бидам јас. Кога никој ништо нема да ме прашува. Кога никој нема да се расправа за ова или за она. Тоа ми е поважно од сонот. Дали сега ти е појасно? – ме праша таа.

– Не баш – ѝ реков јас. Застанав за момент.

– Мислам, тоа не е нешто што ми треба мене, но ќе го почитувам. Ја прегрнав и тивко ја прашав: – Дали и вечерва повторно ќе останеш будна?

Кимна со главата.

– Во ред, ќе те оставам на мир.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top