Растењето може да биде борба за многу деца, особено за тинејџерите кои се борат со тежината. Современите родители тоа го доживеале на своја кожа, па денес на секој начин се обидуваат да им објаснат на сопствените деца дека нивната тежина нема никакво влијание врз нивната вредност.
Татко чија сопруга објавила видео на „Тик-ток“ на кој тој разговара со својата ќерка за тоа што значи да се застане на вага, се чувствува исто.
-Нашето дете кое штотуку почна да оди го виде мојот сопруг како стои на вагата и побара да проба и таа – објаснила мајката во воведот на снимката, на која не ги снимила сопругот и ќерката, туку само нивниот разговор.
-Дали разбираш дека тоа е буквално само тежината на твоето тело? И тоа не значи ништо. Таа бројка што ја гледаш не ја одредува твојата вредност или твојата среќа. Ако си здрава, среќна и полна со енергија, тоа е само бројка – ѝ рекол таткото на ќерката.
@unsolicitedsarcasm What a joy it is to overhear conversations like this. Dads being dads in the best possible way. #selflove #girldad #girldadtiktok #fatherdaughter #knowyourworth ♬ original sound – Silver Linings & Sarcasm ✨
Мајката уживала во овој разговор исто како и другите корисници на „Тик-ток“, кои го пофалиле пристапот на таткото.
„Ова ме трогна емотивно. Имам 31 година и ми беше потребно да го слушнам ова“, „Јас сум жена која таткото цел живот ја нарекуваше дебела и сега имам две ќерки. Ова е важно и прекрасно“, се дел од коментарите.