Секој родител се нашол во таква ситуација. Детето ви бара нова играчка, ден слободен од училиште или што било друго, а вие морате да објаснувате зошто тоа не може да се оствари во моментот. Разговорот брзо може да ескалира во дебата и излив на бес. За среќа, има неколку едноставни зборчиња што може да ја олеснат ситуацијата.

Еден татко на платформата „Редит“ ја споделил фразата „и јас исто така“ велејќи дека прави чуда во неговиот дом. „Кога нашите деца ни бараат работи кои се невозможни, ние само велиме – и јас исто така, и обично нема аргументи потоа!“, објаснил таткото.

Неговото дете рекло: „Сакам да се возам на брод“, а таткото одговорил: „И јас исто така.“ Детето рекло: „И јас исто така.“ Крај на разговорот. „Претходно се обидувавме да објаснуваме зошто тоа не може да се случи, а некогаш разговорот прераснуваше во расправија. Па обидете се со овој трик, можеби и вам ќе ви помогне“, рекол таткото.

Родителите корисници на „Редит“ се презадоволни од неговиот совет. „Да! И јас го велам тоа. Добро е и за емоциите. Ако детето е луто, тажно или фрустрирано, и јас ги потврдувам истите емоции, на пример: Тажен сум, посакувам да останевме подолго во паркот. И јас исто така – е одличен одговор.“

– „Посакувам да бев на брод!“
– „Ох и јас исто така! Што ако каучот е наш брод и сè друго е вода? Брзо, пливај!“

Ова е начин за да се насочи разговорот во друг правец, односно во игра соодветна за возраста на децата. Дури и професионалец за грижа за деца напишал дека се согласува со оваа тактика и дека навистина функционира.

Автор: Мареса Браун

Извор



912

X