Стив Хадад и неговите две ќерки го запалија интернетот кога се појави видеоснимка од нивната кореографија на хит-песната “Single Ladies“ од Бијонсе.

Стив Хадад, кој има четири деца, ги доживеа своите пет минути слава на интернет благодарение на неговата сопруга Тина, која го постирала видеото на „Фејсбук“.
Облечени во црни бодиња, Стив и неговите ќерки ја покажаа својата извежбана кореографија, правилни движења и неодолива семејна атмосфера, докажувајќи дека тој заслужено ја носи титулата татко на годината.

– Баравте-гледајте сега… Хададово семејно натпреварување. Тргнете се девојки, тој е само мој! – напишала Тина во описот на видеото. Откако ја поставила снимката, непрекинато пристигнувале позитивни коментари, луѓето едноставно му се восхитувале на Стив, на неговата посветеност, смислата за хумор и веселиот дух.

Немаше потреба да го убедуваат многу за да настапи, на крајот прифатил и ѝ дал дозвола на својата жена видеото да го постира на интернет. Оттогаш движењата на Стив ги видоа над 26 милиони луѓе во светот.

– Девојчињата се трудеа да смислат доволно добра идеја за да ја победат конкуренцијата, што во ова семејство претставува вистински предизвик. Го најдов настапот на Бијонсе и им го покажав. Тие го молеа Стив да учествува со нив во семејното натпреварување и бидејќи тој многу сака да нè смее, по кратки преговори се согласи.

Стив не само што постави одличен пример како треба да се однесува еден родител, туку ни даде и причина да ја завршиме годината со насмевка. Сите ние ги сакаме татковците што прават сè за насмевката на своите деца и сите едвај чекаме да видиме што следно ќе подготви семејството Хадид.

Погледнете го видеото, ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот.



912

X