Како татко на 3 деца кој почнал неколку различни бизниси, еве како ги охрабрувам моите деца да го пронајдат својот пат кон успехот. Јас сум човек кој постојано учи и сум претприемач со повеќе бизниси.

Но, верувале или не, научив повеќе клучни лекции кога бев трето одделение. Тоа беа моите први чекори како дете претприемач, не знаејќи колку важни ќе бидат тие лекции во мојот понатамошен живот како возрасен. Верувам дека не треба секој да стане претприемач, но секое дете треба да научи претприемачки вештини. Лична одговорност, вештини за слушање, буџетирање, одложено задоволство, убедување – сите овие нешта произлегоа од тие лекции што ги научив како дете. И сега сум сопруг и татко на 3 деца, па го користам моето искуство како начин да се поврзам со децата и да ги охрабрам да го трасираат својот пат кон успехот.

Ова се 10 начини на кои ги учам децата да бидат успешни:

Ги охрабрувам да го најдат своето „зошто“

Сите претприемачи се предводени од ова прашање – нивната страс, мотивација. Моето „зошто“ е поважно од она што го продавам и како го продавам. И моето „зошто“ е моето семејство. Исто така, тоа е и желба да го направам светот подобро место и да им покажам на децата како да развијат вештини кои длабоко ќе влијаат врз нивните животи. Кога децата го гледаат моето „зошто“, почнуваат да го земаат предвид и своето. Како да им помогнете да го пронајдат? Започнете разговор на вечера и зборувајте со нив зошто го правите тоа што го правите и со кои проблеми се соочувате за да ја реализирате својата идеја. Поставувајте им прашања како, на пример, кои се нивните желби и кои проблеми би сакале да решат.

Ги учам за вредноста на заедницата

Да се има заедница околу вас е апсолутно есенцијално за да станете успешни. Моите деца гледаат како барам совети од ментори, сопственици на бизниси и од мојата локална заедница и веќе сум одредил ментори за моите деца. Децата треба да бидат поддржани и од други луѓе, не само од родителите, а тука се и нивните врсници. Децата треба да знаат дека не се сами, па возрасните треба да ги вклучуваат во активности за да им го покажат тоа.

Промовирање на постојаното учење

Жедта за учење е круцијална животна вештина која треба да им ја пренесеме на своите деца. Земете предвид уникатни начини на кои ќе ги инспирирате децата да бидат доживотни ученици. Еве неколку идеи за да побарате од децата да научат повеќе: Што ако вашиот дом е вселенски брод еден ден, а вие само го јадете она што астронаутите го јаделе на „Аполо 11“? Што ако вашето семејство стане истражувач на следниот семеен одмор? Што ако децата помогнат во планирањето на целото патување во однос на буџетот, вклучително и билетите, хотелите, рестораните и облеката.

Креирање семеен бренд

Нашите деца разбираат по што сакаме да бидеме познати. Ја вреднуваат визијата која ја инсталираме за нив. На децата им треба водење. Ако не ги планирате семињата што сакате да ги засадите во семејството, децата ќе бидат „наводнувани“ од некој друг. Креирајте семеен бренд кој ќе ги вклучува вашите деца, а постојат многу ресурси кои може да ви помогнат во тоа, на пример книгата од мојот ментор Марк Тим, „Ментор на милиони“, во која зборува за придобивките од давањето приоритет на семејството.

Го правам она што го зборувам

Сте се запрашале ли некогаш дали децата ве слушаат кога им зборувате. Изненадувачки, но ве слушаат. И што е поважно – гледаат. Нема зборови што ќе ја заменат моќта на виденото. Како тие да веруваат дека нашето семејство е здраво и активно ако никогаш не ме гледаат дека сум активен? Па, си ја променив рутината на вежбање и сега тоа го практикувам дома почесто. Па и моите деца се активни покрај мене.

Славење на успехот на другите

Најдобрите претприемачи го поддржуваат успехот на другите. Ако ги мотивирате децата да размислуваат и за другите, ќе им дадете неверојатен подарок. Кога бев дете, родителите ми даваа 100 долари секоја година. Но, имаше трик: морав да ги дадам некому. Ме научија да ги земам и другите предвид и да ги почитувам нивните животи. Го пренесувам тоа наследство на дарежливост и на следната генерација и ги инспирирам децата да бидат „давачи“, а не „земачи“.

Профит

Постојано ги потсетувам децата дека се вредни и дека заслужуваат да бидат наградени за она што го прават. Кога го поставувате тој фактор во профитот, можете да заштедите за иднина и да имате доволно за да возвратите. Учењето да профитирате, за бизнисот да расте, значи и дека учите да буџетирате. Најважно, децата треба да сфатат дека кога живеат профитабилен живот, тие може да го прошират тоа и да влијаат врз повеќе животи.

Целосна посветеност

Членовите на семејството треба да знаат дека може да се потпрат едни на други. Затоа сум целосно посветен на сè што правам, особено на воспитувањето на своите деца. Исто така, посветен сум и на бизнисот и се борам со сите предизвици. Сакам да се осигурам дека поминувам квалитетно време со своите деца секоја вечер и ги прашувам 3 прашања: Што направи што ти се допаѓаше денес? Што научи денес? Што се обиде да направиш или да тестираш денес? Тие ја гледаат мојата посветеност и тоа ги мотивира и самите да бидат целосно посветени на семејството и на сето она што го прават.

Прифаќање на неуспехот

Сум започнал многу бизниси и не биле сите успешни. Ги потсетувам децата дека неуспехот е всушност добра работа. Колку и да звучи чудно, тоа е и клучот до мојот успех. Ги охрабрувам децата да не се плашат од несовршености. Единствениот начин на кој децата навистина ќе ми веруваат е ако видат дека се борам со стравот и преземам ризици и така ќе знаат дека сето тоа е дел од патот кон успехот.

Моделирање интегритет

Јас и мојата сопруга сме отворени за тешките работи. Се обидуваме да не викаме, но имаме ранливи дискусии пред децата. Нашите деца треба да видат како се справуваме со конфликти за да најдат здрави начини да се справуваат со своите емоции. Интегритетот е внатрешен карактер, да се направи правилната работа кога никој не гледа. Кога гледам како моите деца кажуваат откако ќе направат нешто погрешно, јас сум горд. Најдобриот начин да се изгради интегритет е да се прослави добриот карактер кај децата. Тоа е ултимативната успешна приказна.

Автор: Скот Донел

Извор



912

X