Малиот Вајат целиот свој живот ќе може да прераскажува како стигнал на овој свет. Имено, кога неговата мајка Ники Милербернд добила породилни болки, таткото Роб веднаш седнал во автомобил и тргнал со неа кон болница. Меѓутоа, Вајат не можел да чека. Таткото Роб морал веднаш да го сопре автомобилот и да ја породи сопругата.
„Повикав брза помош и им кажав што се случува. Ми рекоа дека ќе испратат автомобил, но брзо сфатив дека немам време за чекање“, раскажува Роб.
Паркирал покрај патот и Вајат на 9 август, во приближно 2:34 часот, пристигал на овој свет.
Бебето и мајката биле пренесени во болница и по прегледот од лекар и надзор, пуштени се дома, каде што ги пречекале трите постари ќерки Хајли, Елиза и Натали.