За многу деца тргнувањето во градинка или на училиште може да биде застрашувачко. Не само што првпат се одвојуваат од своите родители, туку е и сосема ново искуство кое од нив бара да се приспособат на сосема ново опкружување и рутина.

За малиот Лука, оваа транзиција била прилично тешка. Луис Робертс, таткото на момчето, имал идеја за која се надевал дека ќе ја олесни транзицијата на Лука. Така почнала една семејна традиција што се чини дека ќе ја негуваат со години.

– Лука ја сака рутината и секојпат кога ќе направи нешто ново, тоа е непријатно за него. На пат за на училиште застанавме на неколку места. Едно од тие места беше кафуле кое се наоѓаше во близина на нашиот дом – вели таткото.

Така се родиле тие „состаноци“. Секое утро таткото и синот седнуваат во кафулето зад аголот и поминуваат 20 минути заедно. Нивните состаноци станаа толку чести, што вработените во кафулето веќе знаат кога ќе се појават, па пијалаците однапред им се подготвени.

– Мојата ќерка ќе тргне в градинка наредната година, па и со двајцата планирам да го правам истото – вели таткото и додава дека и неговата сопруга ја применува истата метода.

Се чини дека мајката и таткото успеале да им помогнат на децата да се приспособат на промените и да го продлабочат нивниот однос.

– Тоа се најдобрите 20 минути од мојот ден – вели таткото на Лука.

Извор



912

X